Линкови за пристапност

Втор американски тим врши подготовки во Либерија - 2003-07-09


Втората мисија што претходно не беше најавена, е десетчлена американска екипа што е испратена во Гана за да се состане со претставници на ЕКОВАС или регионалната група на Западна Африка, која понуди три илјади трупи за мировна операција во Либерија.

Господинот Рамсфелд пред Комисијата за вооружени служби на Сенатот ја објасни мисијата на овој тим за проценка.

“Да се одреди подготвеноста на силите на ЕКОВАС и нивото до кое можат или не можат да се подготват за распоредување и за колку време, со каков вид на опрема, каква обука имале, безбедносните услови во земјата и хуманитарните потреби на народот“, изјави господинот Рамсфелд.

Друг американски воен тим се наоѓа во главниот либериски град, Монровија, каде што ја проценува безбедноста и хуманитарните услови.

Но господинот Рамсфелд вели дека додека не се вратат тимовите за проценка и додека не поднесат извештаи, тој не може да предвиди што ќе му предложи Пентагон на претседателот Буш во однос на видот на американското учество во мировната мисија во Либерија.

Администрацијата на Буш е под силен меѓународен притисок да испрати трупи за да помогнат во стабилизацијата на Либерија, држава што ја формирале американските робови во 19-от век.

Патувајќи низ Африка, претседателот Буш ги повтори американските заложби за Либерија, но не соопшти никаква конечна одлука за распоредување на американски војници.

XS
SM
MD
LG