Линкови за пристапност

Извештај на Светската програма за развој за 2003 - 2003-07-08


Во извештајот се предупредува дека иако неписменоста и стапката на смртност кај децата драматично се намалиле во некои од најсиромашните земји во светот, 54 земји всушност денес се посиромашни отколку пред една деценија.

Авторот на извештајот, Сакико Фукада-Пар вели дека најголем број од земјите се од Суб-сахарска Африка и од Комонвелтот на независно држави:„Едни од причините за ваквата ситуација, делумно е економскиот пад и ХИВ вирусот и СИДА-та. Гледате како до 1990 година, Боцвана е како Коста Рика, но потоа забрзано се движи по надолна линија. Животниот век во Боцвана нагло се намалува делумно како резултат на ХИВ вирусот и СИДА-та“.

Но, г-ѓа Фукада -Пар вели дека не значи оти СИДА-та е единствениот проблем со кој се соочуваат сиромашните земји. Другите фактори, како што се намалување на бројот на оние што се запишуваат во основното образование и порастот на стапката на смртност кај децата исто така придонесуваат за слабиот развој на земјата.

Според г-ѓа Фукада -Пар доброто владеење и демократијата се важни за развојот на земјата, но исто така значајни се и други фактори.

Пред да започне растот, потребно е големо инвестирање во образованието и здравството. Потреба е голема инвестиција во инфраструктурата. Треба да се инвестира во земјоделската технологија за подобрување на продуктивноста. Ова се основни јавни интервенции, кои се неопходни за точно воспоставување на предусловите за раст на пазарното стопанство, вели таа.

Покрај повикот за поголема помош за земјите во развој, извештајот за човековиот развој констатира дека земјите во развој и индустријализираните земји треба да понесат одговорност за постапките во насока на елиминирање на сиромаштијата.

Според извештајот, Норвешка има највисок индекс за развој, а по неа следуваат Исланд и Шведска. Најнизок степен на човеков развој има во Буркина Фасо, Нигер и Сиера Леоне.

XS
SM
MD
LG