Линкови за пристапност

Починаа сингапурските близначки - 2003-07-08


Лејдан и Лејла Бижани починаа само неколку часа откако лекарите во Сингапур објавија дека ги раздвоиле нивните черепи и мозоци. Близначките умреа во временско растојание од 90 минути една од друга.

Дваесет и деветгодишните жени беа подложени на тридневна операција без преседан за нивно раздвојување. Претставниците на болницата велат дека лекарите не биле во состојба да им ја стабилизираат состојбата откако биле разделени. Господинот Лу Чун Јонг е извршен директор на Raffles Medical Group. Тој вели дека и покрај силните напори на лекарите, близначките никогаш не излегле од критичната состојба.

Смртта на сестрите беше завршницата на драматичната операција што започна во неделата. Дваесет и осум специјалисти и сто-член помошен персонал работеше во смени без престан во Болницата Рафлс.

Близначките рекле дека знаеле оти операцијата може да убие или онеспособи една од нив или обете, но дека биле подготвени да го прифатат ризикот. Жените дошле во сингапурската болница во ноември, откако лекарски тим успешно ги раздвои десетмесечните непалски близначиња.

XS
SM
MD
LG