Линкови за пристапност

Прослава на американската независност - 2003-07-04


На 4-ти јули, Денот на независноста на САД, Американците го слават благословот на слободата. Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд им одаде почит на оние што се изборија за американската независност:

“Додека ја прославуваме нашата слобода, треба да запреме за момент и да помислиме на предизвиците со кои се соочувала нашата земја во почетокот,“ потсети господинот Рамсфелд.“

Во 1872-ра година, по седум години војна со Британија, САД беа само лабаво обединети. Соперништвата и граничните спорови меѓу федералните држави се закануваа да прераснат во вооружен конфликт. Трговските бариери, спротивставените регулативи и недостатокот на стабилна валута предизвикуваа економски кризи. Воените ветерани бараа да бидат исплатени и понекогаш се закануваа со насилство. Како што кажа господинот Рамсфелд, на Американците им биле потребни осум години за да се согласат околу уставот со кој се постигнала рамнотежа меѓу индивидуалните слободи и стабилна и ефикасна влада:

“Вреди да се сеќаваме на таа историја додека размислуваме за тешкотиите со кои денеска се соочуваат Авганистанците и Ирачаните. Транзицијата во демократија никогаш не е лесна“, кажа секретѕарот Рамсфелд.

Џејмс Медисон, еден од составувачите на американскиот Устав кажал дека Американците “ја заложиле иднината на сите наши политички институции врз основа на способноста на луѓето за самоуправување“. Претседателот Џорџ Буш вели дека слободата на сите луѓе и натаму е темел на американската политика:

“Нашата најголема безбедност произлегува од напредокот на човековите слободи. Затоа што слободните држави не го поддржуваат тероризмот. Слободните држави не ги напаѓааат нивните соседи. Слободните држави не му се закануваат на светот со оружје за масовен терор. Американците веруваат дека слободата е најдлабока потреба и надеж на секое човечко срце“, изјави претседателот Буш.“

Од Куба до Северна Кореја, од Бурма до Зимбабве, каде и да се борат луѓето за слобода, тие ќе најдат пријател во САД.

XS
SM
MD
LG