Линкови за пристапност

Европа се отвора за генетски модифицирана храна - 2003-07-02


Новите закони што се очекува да бидат усвоени од владите на Унијата пред крајот на годинава, би се дозволило дистрибуција на генетски модифицирана храна, се додека на нив не се поставени јасни етикети. Правилата би ги присилило производителите да ги откријат генетички модифицираните организми и тоа во сите фази на производството.

Новите закони од 15-те земји на ЕУ бараат да воведат сопствени мерки за да се спречи семето од фармите кои одгледуваат генетски модифицирани житарки, да биде разнесено на полињата на конвенционалните фарми.

Европските потрошувачи стравуват од евентуален ризик по здравјето од овие модифицирани продукти, но Комесарот за здравство од ЕУ, Дејвид Брн тврди дека тоа не треба да претставува грижа.

“Целта на оваа легислатива е да се даде информација за точната природа и карактеристиките на храната, за луѓето да направат вистински избор. Целта на етикетирањето не е да се информира конзументот за безбендоста или за недостатокот на безбедноста на храната. Доколку храната не е безбедна, не може ни да биде ставена на пазарот“, изјави господинот Брн.

САД поднесоа жалба до Светската здравствена организација во обид да се повлече неофицијалниот мораториум на ЕУ на таканаречената био-техничка храна.Оваа храна се состои од генетски материјал со одбранбен механизам кој спречува болести на растенијата и веќе со години се одгледува во Северна Америка.

Забраната на новата биотехничка храна ЕУ ја воведе пред пет години поради стравување дека ќе биде штетна по здравјето европските конзументи.

Ова прашање има светски импликации. Минатата година, неколку африкански земји ја одбија американската помош во храна, бидејќи содржела биотехничка житарка, која Африканците стравуваа дека може да биде проблем за идниот извоз во земјите на ЕУ.

XS
SM
MD
LG