Линкови за пристапност

Најнови вести, 2 јули - 2003-07-02


Уапсен водачот на АНА

Албанската полиција уапсила двајца припадници на Албанската национална армија, осомничената терористичка организација што дејствува во Македонија. Властите велат дека наводниот лидер на групата, Гафур Адили бил притворен вчера под обвинение за предизвикување нестабилност и националистичка омраза. Властите соопштија дека е уапсен и соработник на господинот Адили. Инаку, АНА ја презеде одговорноста за неколку напади на Балканот. САД и ОН оваа група ја сметаат за терористичка организација.

Израел-Палестинци

Израелските трупи се повлекоа од градот Витлеем на Западниот брег и ја предоадоа контролата врз безбедноста на палестинската Управа. Палестинската полиција денеска повторно излезе на улиците на Витлеем, набрзо откако и последните израелски војници се повлекоа на позиции на периферијата на градот. Ова предавање на контролата се смета за уште еден поттик на мапата кон мирот на Блискиот Исток, што ја поддржува меѓународната заедница. Во неделата, израелските и палестинските претставници извршија сличен трансфер на контролата врз безбедноста во северниот дел од Појасот Газа. По напредокот на мировните напори САД продложија со директната економска помош на палестинската Управа со тоа што доделија 30 милиони долари за обновување на инфраструктурата што е оштетена во израелските воени напади.

Ирак

Американската Централна команда соопшти дека истрагата за експлозијата во ирачката џамија во понеделникот покажала дека очигледно била поврзана со часови за правење бомби што се одржувале во објектот. Жителите на Фалуџа за експлозијата ги обвинија американските сили, а притоа загинаа седум лица а беа повредени десетина. Централната команда вели дека заедничката истрага со полицијата во Фалуџа покажала дека коалиционите сили воопшто не биле одговорни за експлозијата. Во меѓувре, коалиционите сили во Багдад соопштија дека починал војникот што вчера беше ранет во нападот врз воен конвој во Багдад.Од 1-ви мај досега загинале 22 американски војници во напади во Ирак.

Берлускони –ЕУ

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони се обрати пред европскиот парламент во Стразбур, еден ден откако неговата земја го презеде ротирачкото претседателство со ЕУ. Неколку парламентарци држеа транспаренти на кои пишуваше “секој е еднаков пред законот“, додека господинот Берлускони ги изнесуваше целите на Рим во текот на неговото претседателство со Унијата. Господинот Берлускони е обвинет за корупција во Италија, заради што некои членови на Европскиот парламент се сомневаат во неговите способности да ја води ЕУ. Во денешниот говор господинот Берлускони ја истакна потребата за повторно заживување на европската економија.

САРС

Светската здравствена организација соопшти дека во канадскиот град Торонто веќе ја нема болеста Тежок акутен респираторен синдром. Агенцијата на ОН ова го соопшти денеска, или 20 дена откако во Торонто за последен пат беше пријавен случај на САРС. По ова само Тајван останува единствената област во светот каде што се пренесува болеста на локално ниво. Но претставници на Светската организација велат дека наскоро би можеле да објават дека и таму нема САРС. Веќе 17 дена во Тајван не е пријавен нов случај на болеста.

XS
SM
MD
LG