Линкови за пристапност

Палестинците ја презедоа контролата врз безбедноста во северниот дел на Појасот Газа - 2003-06-30


Израелското воено радио јави дека загинатиот, инаку работник од Романија бил погоден во главата и веднаш им подлегнал на повредите.

Вчера палестинските милитанти објавија примирје.

Во меѓувреме, израелски и палестински претставници работат на деталјите за повлекување на израелските сили од градот Витлеем на Западниот брег, што се очекува да се случи в среда.

Палестинската полиција ја презеде контролата во северниот дел на Појасот Газа, откако Израелците се повлекоа преку ноќта уривајќи ги бетонските огради со кои веќе 33 месеци областа беше блокирана за секого освен за воската и еврејските доселеници.

Палестинците во моментов го контролираат Беит Ханун заедно со главниот пат север-југ во Појасот Газа, додека израелските сили се се уште стационирани на контролниот пункт во близина на еврејската населба Кфар Даром.

Израелското радио јави дека премиерот Ариел Шарон утре треба да се сретне со неговиот палестински колега Махмуд Абас при што ќе се разговара за понатамошната имплементација на меѓународниот мировен план, познат како мапа кон мирот.

Повлекувањето на израелските трупи од северниот дел на Газа уследи по објавата на палестинските милитанти за тримесечен прекин на огнот. Хамас и Исламски Џихад рекоа дека прекинот на нападите ќе зависел од исполнувањето на нивните барања од страна на Израелците за прекин на нападите врз палстинските милитанти, за прекин н аупите во палестинските области и за ослободување на палестинските затвореници.

Движењето на палестинскиот водач Јасер Арафат, Фатах исто така соопшти дека неговото воено крило, Ал-Акса маченичките бригади, ќе се придржуваат до договорот.

Најновите настани се поклопуваат со посетата на Израел и на палестинските територии од страна на американскиот советник за национална безбедност, Кондолиза Рајс за да ја промивира мапата кон мирот на Блискиот исток.

XS
SM
MD
LG