Линкови за пристапност

Во првиот избор на овогодишниот НБА драфт, Кливленд Кавалиерс го избраа Леборн Џејмс - 2003-06-27


Само еден од околу 8.000 кошаркари од средните училишта заврши во НБА, а мнозинството од избраните се играчи од колеџ. За 18-годишниот Леброн Џејмс, скокот во професионалната елита се случи исклучително брзо.

Џејмс е висок 203 сантиментри и тежи 190 килограми. Во средношколската кошаркарска лига тој играше за Охајо. Џејмс вчера беше избран од Кливленд Кавалирс, кој доби такво право како еден од најслабо пласираните екипи минатата година. Комесарот на НБА, Дејвид Стерн го соопшти изборот на Кливленд во њујоршката Медисон Сквер Гарден, каде се одржуваше избирањето.

„Во првиот избор на НБА драфтот во 2003 година, Кливленд Кавалирс го избраа Леборн Џејмс“.

Се очекува Џејмс да биде голема ѕвезда, откако неодамна Најки со него потпиша договор во висина од 90 милиони долари, за нова марка патики. Возбуден од фактот дека е прв на драфт листата, Џејмс вели дека сака да им помогне на Кавалирс да напредуваат.

„Ова е долгогодишен сон, кој конечно се остварува и се покажа дека напорната работа ми се исплати. Минатата година за Кливленд не беше многу добра. Но чувствувам дека ние како тим од ден во ден можеме да бидеме се подобри. Тоа ќе биде моја главна цел годинава. Јас не сум за индивидуална игра, туку за тимска“, истакна Џејмс.

Новиот тренер на Кливленд, Пол Силас, вели дека Џејмс има реален потенцијал да биде голем играч.

„Тој зборува за победи. Тој зборува за подобрување на тимот. Доколку така размислува, само може да напредува“, рече господинот Силас.

Втор од листата беше избран српскиот кошаркар Дарко Миличиќ од Детроит Пистонс и тоа е највисок избор досега на драфтот за еден странски играч. Знак дека НБА се повеќе добива глобални рамки е фактот што годинава во првата рунда на драфтот беа избрани дури осум меѓународни кошаркари. Од просторите на попранешна Југославија, во првиот круг, покрај Миличиќ беа избрани Жарко Чабаркапа од Србија и Црна Гора кој ќе игра за Феникс Санс, Александар Павловиќ во Јута Џез, а Зоран Планиниќ од Хрватска заминува во Њјуџерси Нетс. Во вториот круг на драфтот беше избран Славко Вранеш од Србија и Црна Гора, кој ќе игра во дресот на Њујорк Никс, Сани Беќировиќ во Денвер Нагетс и Неџат Синановиќ од Босна и Херцеговина во Портланд Блејзерс.

Минатата година бројот на меѓународните играчи избрани на драфт беше шестмина, а прв избор беше Јао Минг од Кина, кој замина во Хјустон Рокитс. Во текот на изминатата сезона, една седмина од играчите во лигата, или околу 15 проценти, беа од други земји, а не од татковината на кошарката - САД.

XS
SM
MD
LG