Линкови за пристапност

САД и ЕУ се договорија за потесна соработка - 2003-06-26


По разговорите со лидерите на ЕУ, г-динот Буш рече дека Иран не ги исполнил обврските кон меѓународната заедница - обезбедување непречен пристап на испекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Америка и ЕУ се согласни дека Иран мора целосно да соработува со Агенцијата. Се согласивме дека Иран мора да го потпише и да се придржува кон дополнителен протокол, со што на Меѓународната агенција за атомска енергија ќе добие нови орудија за испитување на тајните нуклеарни активности. Иран вети дека нема да развива нуклерано оружје и меѓународната заедница мора да се погрижи режимот да се придржува на ветеното“, изјави претседателот Буш.

Претседателот на Европската комисија, Романо Проди истакна дека САД и ЕУ се определени да утврдат дали Иран ја користи својата енергетска програма за производство на нуклеарно оружје.

“Дијалогот со Иран се одвива секојдневно и се повеќе се продлабочува. Притискаме тие да ги прифатат и непланираните инспекции бидејќи сакаме да бидеме апсолутно сигурни дека нивните активности не се закана за мирот во иднина“, изјави господинот Проди.

На вчерашната средба станало збор и за извозот на генетски модифицирана храна за што САД се оштетени по 300 милијарди долари годишно заради европскиот мораториум од 1998 година. Г-динот Буш и европските лидери разговарале и за прашања од заеднички интерес, како што е борбата против меѓународниот тероризам.

“И на САД и на ЕУ им се заканува глобалниот тероризам и определени сме да го победиме. Денеска потпишавме нови договори за да ја зголемиме нашата правна соработка и да ја забрзаме екстрадицијата на терористите“, кажа американскиот пртседател.

Обете страни го проширија списокот на терористички кривични дела за кои може да се бара екстрадиција и решија да формираат заеднички истражни тимови. САД и Унијата се согласија и на соработка во зајакнување на контролата на извозот на опасни материјали.

XS
SM
MD
LG