Линкови за пристапност

Заради корупцијата нема инвестиции на Балканот - 2003-06-25


По падот на Слободан Милошевиќ пред речиси три години, Србија повторно се вклучи во светската економија и се соочи со недостаток на солидни хотели во Белград. Интер-Континентал, луксузниот хотел изграден во 1979 година, по повод одржувањето на годишниот состанок на Меѓународниот Монетарен фонд, беше вреден имот. И покрај неинвестирањето во него во текот на 90-тите, но се уште со професионален персонал и на одлична локација, Интер-Континентал го привлече интересот на станските инвеститори.

Во изминативе месеци, претставници на светските ланци хотели доаѓаа во Белград, во обид да преговараат за Интер-Континентал. Но, економистот Милко Штимац вели дека потенцијалните инвеститори се повлекле кога ја погледнале документацијата на хотелот. Менаџерскиот тим, вели тој, ја поделил компанијата на два дела, и го вовлекол Интер-Континентал во големи долгови.

“Главниот дел на новата компанија беше хотелот Интер-Континентал, кој веднаш бил изложен на распарчување на имотот. Сега Интер-Континентал е во огромни долгови“, вели Штимац.

Структурата и сопственоста на хотелот исто така се доведени во прашање. Тие сега се предмет на расправа пред нереформираните српски судови.

Со зголемен број на ноќевања од пред две години, многумина хотелски работници сметаат дека на актуелните сопственици не им е потребен странски партнер. Критичарите, а ги има многу, стравуваат дека нереформираниот судски систем ќе ја потврди актуелната нетранспарентна сопственост на хотелот.

Рори О`Саливан, претставник на Светската банка во Белград вели дека демократска Србија има суштинска потреба од судски реформи и донесување на ефикасни трговски закони.

“Судовите генерално не работат на задоволувачки начин. Ова не им влева доверба на странските инвеститори. Многумина во Европа гледаат, чекаат и се надеваат дека српската Влада и српскиот народ конечно ќе се зафатат со реформа на судството“, изјави господинот Саливен.

Судскиот систем, вели г-динот О` Саливен е критична компонента во борбата на Србија против корупцијата. Се работи за многу поголемо прашање отколку иднината на Интер-Континентал. Без реформа на судскиот систем, вели претставникот на Светската банка, Србија нема шанси за членство во ЕУ.

XS
SM
MD
LG