Линкови за пристапност

Расата - предност во САД - 2003-06-24


Поддржувачите на афримативната акција на Универзитетот Мичиген беа одушевени од завчерашната пресуда на Врховиот суд со која колеџите и универзитетите може да продолжат да ја користат расата како фактор во однос на пријавите за колеџ.

Со тесно мнозинство од пет спрема четири гласа, судот го потврди пристапот на Правниот факултет на Универзитетот Мичиген со кој расата се смета за еден од многуте фактори во приемниот процес.

Но во втората пресуда, Врховиот суд ги предупреди колеџите и универзитетите да не ја истакнуваат премногу расата во процесот на примање нови студенти.

Со шест гласа за и три против, Врховниот суд одреди дека приемниот процес за студенти на Универзитетот во Мичиген бил погрешен затоа што им давал премногу предност на малцинските студенти во однос на студентите белци. Универзитетот ги примал студентите според систем на поени и рутински давал по 20 поени или петтина од поените потребни за примање, на малцинските студенти само врз основа на расата.

Со втората одлука е задоволна Џенифер Грац. Таа го тужеше Универзитетот во Мичиген тврдејќи дека се работи за нелегална дискриминација откако, како белец, не била примена во 1995 година:

„Судот денеска кажа дека нивната политика за нови студенти е погрешна и дека студентите заслужуваат фер третман. За мене, ова е победа“, вели таа.

Законските и практичните ефекти од одредбата за афримативна акција се потенцијално подалекусежни.

Колеџите и универзитетите сега слободно можат да продолжат да ја користат расата како фактор за примање, но не смеат да го формализираат процесот до точка кога би се појавила обратна дискриминација.

Професорката по право на Универзитетот Џорџтаун Сузан Лоу Блох вели дека потврдувањето на Врховниот суд на програмите за афирмативна акција за поттикнување на расната разновидност ќе имаат влијание не само врз образовните институции, туку и врз приватниот сектор:

„Она што го одреди Судот е дека универзитетот може да ја земе предвид расата во обид да добие разновиден клас и тоа ќе биде влијателно како за јавните универзитети, така и за приватните училишта кои добиваат федерална помош и за приватните бизниси кои имаат договори со владата“, вели госпоѓа Блох.

Мислењето на судот што доби мнозинство од пет спрема четири гласа за афирмативната акција, го напиша судијата на Врховниот суд, Сандра Деј О Конор, која последниве години се истакна како еден од водечките центристи во судот. Но според нејзино мислење, О Конор сепак изрази надеж дека за 25 години веќе нема да бидат потребни расните предности за поттикнување на разновидноста во американското високо образование.

XS
SM
MD
LG