Линкови за пристапност

Политичката димензија на бегалците - 2003-06-20


Бегалците, дали заради нивниот број или локација, понекогаш добиваат важна политичка димензија. Во 1989-та, илјадници лица од Источна Германија го напуштија нивниот комунистички режим и пребегаа во соседните земји, што на крајот придонесе да падне Берлинскиот ѕид. На Блискиот исток, палестинските бегалци често се користени како пиони во игрите на регионалната политика.

Во 1989-та, илјадниците Источногерманци кои пребегаа во соседните земји, имаа големо влијание на комунистичките режими кои требаше да се справат со нивниот наплив. Само нивното присуство не беше причина за колапс на комунизмот во Европа, но го забрза процесот на негово распаѓање, што беше видливо за остатокот од светот. Тие беа катализатор на промената што ја преобликува Европа.

Јолун Нигел е поранешен дописник на Гласот на Америка од Виена и повеќе од една деценија работел како новинар во централна и источна Европа. Тој вели дека егзодусот на Источногерманците започнал пролетта 1989-та, кога Унгарија ја симна бодликавата жица долж границата со Австрија.

„Овој граничен премин тогаш беше користен од многу Источногерманци. Таму имаше граничари кои повеќе не пукаа. Со доаѓањето на летото, се повеќе Источногерманци влегуваа во Унгарија“, вели Нигел.

Илјадници лица од Источна Германија пребегаа и во Западна Германија преку поранешна Чехословачка. До ноември источногерманската влада отвори неколку гранични премини во Берлин, што доведе до пад на Берлинскиот ѕид и подоцна обединување на Германија.

Друга бегалска група, чие постоење ја обликува политиката на целиот регион со децении, се Палестинците. Стотици илјади Палестинци ги загубија своите домови со создавањето на Израел во 1948-та година. Оттогаш тие се распрскани во окупираните територии, низ Блискиот исток и насекаде по светот.

Палестинците инсистираат на тоа дека изнаоѓањето решение за нивното право да се вратат во своите домови, е критична точка за постигнување на арапско-израелски мир.

Ричард Паркер е поранешен американски амбасадор во неколку земји од Блискиот Исток и научен работник во Институтот за Блиски Исток.

„Ова е нешто што нема да го добиеме за некое време. Но, се работи за горило тешко еден милион и 800.000 килограми, што седи на другиот крај од масата и што ќе треба некако да се задоволи“, истакнува г-динот Паркер.

Еден милион и 800.000 килограми е всушност бројот на палестинските бегалци официјално регистрирани од Агенцијата на ОН за социјална помош за палестинските бегалци.

Дали она што се случи во Источна Германија, може да се повтори било каде? Дали предвидуваниот наплив на стотици илјади Севернокорејци во соседна Кина, на пример, може да влијае на политиката на полуостровот кој е поделен како што некогаш беше поделена Германија?

Кетрин Њуланд, директор во Интитутот за миграциона политика, вели не. Таа вели дека Пјонгјанг власта ја држи премногу цврсто и дека е премногу крут за да попушти пред актуелниот притисок.

Според американската Комисија за бегалци, бројот на бегалците во светот изнесува околу 13 милиони. Притоа, две третини од нив се жени и деца, што според стручњаците за бегалци повеќе ги прави жртви и ги става во позиција да бидат експлоатирани, отколку што им дава политичка моќ.

XS
SM
MD
LG