Линкови за пристапност

Состојбата со бегалците во поранешна Југославија е најлоша на Косово, а најдобра во Босна и Херцеговина - 2003-06-20


Четири години по завршувањето на војната во Југославија, американската Комисија за бегалци вели дека Србија и натаму е домаќин на најголем број бегалци во Европа.

Статистичките податоци покажуваат дека во Србија има околу 600.000 бегалци. Повеќе од половина се етнички Срби кои пребегале или биле протерани од Хрватска и Босна. Преостанатиот дел се исто така Срби, но протерани од Косово во 1999-та година. Според американската Комисија за бегалци нивниот број изнесува 235.000.

Маријана Обрадовиќ, специјалист за бегалци во белградската Хелсиншкиот Комитет за човекови права, вели дека речиси и да нема напредок за враќање на косовските Срби во нивните домови.

„На пример, ситуацијата е најтешка на Косово. Знаете дека проблемот со безбедноста се уште не е решен, значи не се проблем само имотот или работните места, туку пред се безбедноста“, истакнува г-ѓа Обрадовиќ.

Косовските Албанци кои насилно беа протерани од режимот на Слободан Милошевиќ и по воената интервенција на НАТО во регионот, се вратија дома, не сакаат истото да го сторат и Србите. Малкуте Срби кои се уште живеат на Косово и натаму мора да бидат заштитувани од трупите на НАТО.

Г-ѓа Обрадовиќ вели дека што се однесува до Босна, за една година, направен е значителен напредок. Таа истакна дека повеќе од илјада српски бегалци се вратиле во своите домови.

„Ситуацијата е најдобра во Босна бидејќи, бегалците имаат, може да се рече, подобри услови да се вратат. Нивните домови не се запоседнати, вратен им е имотот. Но ситуацијата не е добра во Хрватска, бидејќи во нивните домови сега живеат Хрвати“, вели таа.

Експертите велат дека многумина српски бегалци се обесхрабрени да се вратат во Босна заради тамошната слаба економија и невработеност. Српските бегалци генерално успеаа да се интегрираат во српското општество, но и овде проблем е забавената економија и недостатокот на соодветни работни места.

Во меѓувреме, српската влада вели дека планира наредната година да ги затвори преостанатите бегалски центри. Белградската влада продолжува да врши притисок врз властите на ОН на Косово да ја забрзаат репатријацијата и да прекинат со постојаното заплашување на етничките Срби.

XS
SM
MD
LG