Линкови за пристапност

НАТО се реорганизира - 2003-06-20


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Министрите за одбрана на НАТО се согласија за промена на командната структура на Алијансата за прилагодување на заканата од тероризам и како подготовка за повеќе операции надвор од Европа. Членките на НАТО се заложија за драстично намалување на воените штабови на НАТО во Европа и за набавка на воена опрема и подобрување на способностите потребни за распоредување на трупи и опрема надвор од Европа.

Силите на НАТО за брза реакција, кои наскоро ќе бидат формирани ќе бидат составени од околу 20.000 војници, кои ќе бидат способни за распоредување надвор од Европа за неколку дена, а не за неколку месеци.

Генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон вели дека сојузниците ги надминале политичките тензии во врска со војната во Ирак и станале посилни и пообединети. Тој ги истакна неодамнешните одлуки на Алијансата за проширување на операциите надвор од Европа.

"Одлуките на НАТО за помош на Турција во преземањето на раководството со меѓународните сили за помош за безбедноста во Кабул и за помош на Полска во Ирак не можеа да бидат донесени во поделена Алијанса. Тие беа донесени од страна на трансформирано НАТО, со желба и способност за справување со заканите на денешницата, независно од каде доаѓаат“, истакна тој.

Во Авганистан, НАТО од август ќе ги предводи Меѓународните сили за помош во безбедноста во Кабул, во најголем дел на начин како што тоа го правеше во Босна и Косово. Во Ирак, НАТО ќе и обезбеди помош на Полска, која ќе раководи со една од трите мултинационални дивизии што помагаат за стабилизација. НАТО нема да има постојано присуство во Ирак, но ќе и помага на Полска со телекомуникации и логистика.

Со овие одлуки, членките на НАТО, отидоа далеку во правец на модернизирање на Алијансата во организација подготвена да се справи со новите закани како што е глобалниот тероризам. Како што рече американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд НАТО, „се движи напред кон трансформација за да се прилагоди на 21 век“.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG