Линкови за пристапност

Турција започнува со реформи за забрзување на зачленувањето во ЕУ - 2003-06-20


Турскиот Парламент вчера одобри пакет реформи со цел да се зацврсти кандидатурата на земјата за членување во ЕУ. Гласањето во турскиот Парламент коинцидира со самитот на европските лидери што започна исто така вчера во Грција.

Таканаречениот мини-пакет за демократизација е шести во серијата реформи усвоени последниве месеци. Според овој документ на турските 12 милиони етнички Курди ќе им биде дозволено да емитуваат програма на својот јазик за прв пат, на приватни и државни телевизиски и радио станици.

Со овој пакет се поништува и контроверзниот анти-терористички закон кој забранува сепаратистичка пропаганда и кој беше употребуван за затворање на илјадници политичари и новинари во изминатите години.

Во однос на турските жени, се укинува редуцираната казна за таканаречени убиства за одбрана на честа, односно убиства на жени кои се обвинети за фрлање срам врз семејството заради врска со маж со кого не биле во брачен однос.

Западните дипломати ги поздравуваат реформите велејќи дека тоа ќе ги зголеми шансите на Турција во прегорите за членство во Унијата. Но многумина предупредуваат дека тие реформи целосно треба да бидат имплементирани за Турција да биде убедлива.

Законодавците од владеjачката Партија на правда и развој вели дека најверојатно ќе биде направен друг нацрт на закон наредниве денови, со кој ќе биде намалена улогата на турската армија во политиката.

Армијата ја презеде власта три пати во изминатите четири децении и во 1997 година ја принуди на оставка првата исламска влада на земјата, тврдејќи дека сака да претстави верска власт во државата.

Влијанието на армијата во политиката беше многу критикувано од ЕУ.

XS
SM
MD
LG