Линкови за пристапност

Според Црвениот Крст хуманитарните операции се посложени и потешки за изведување - 2003-06-19


Меѓународната комисија на Црвениот Крст во својот годишен извештај вели дека минатогодишните настани покажуваат оти вооружениот конфликт се повеќе вклучува етнички, верски и криминални борби за превласт и контрола врз ресурсите. Како последица, се вели во извештајот, задачата за заштита на цивилите и затворениците стана поважна и потешка од кога и да е порано.

Во 2002-та, претставници на Црвениот Крст посетија околу 450.000 затвореници во 75 земји во светот. Извршниот директор на Меѓународната комисија на Црвениот крст, Пјер Кренбал вели дека многумина од притворените се поврзани со борбата против тероризмот.

Тој вели дека Црвениот Крст ќе продолжи да ја следи ситуацијата, но дека агенцијата е загрижена што државите не го кршат законот со притворањето на осомничените за тероризам.

„Очигледно постојат земји кои ја искористиле предноста во динамиката на борбата против тероризмот за да уапсат лица во тие земји од различни причини. За нас постои нов и дополнителен предизвик, да се обидеме да добиеме пристап до таквите. Во некои земји тоа беше успешно, а во други имаме потешкотии“, вели тој.

Во извештајот на Црвениот Крст се наведува дека минатата година, оваа организација потрошила речиси 615 милиони долари за изведување на своите операции во 75 земји.

Активностите на оваа организација вклучуваат заштита на цивили во вооружен конфликт, посети на воени и цивилни затвореници, медицинска помош, достава на вода и санитарни услуги, како и дистрибуција на друг вид хуманитарна помош.

За господинот Кренбал, Ирак и Авганистан и натаму се земји за кои постои загриженост. Тој вели дека организацијата има важни операции за милиони луѓе во таканаречените заборавени области на конфликт, како што се Чеченија и Ингушетиа во северен Кавкас и Колумбија.

XS
SM
MD
LG