Линкови за пристапност

И натаму тајност околу притворените во врска со терористичките напади - 2003-06-17


Со оваа одлука се прифаќа владиниот став дека откривањето на идентитетот на над 700 странци кои биле испрашувани во врска со нападите од 11 септември, би и дало на Ал Каида или на другите терористички групи, целосна слика за владината истрага и со тоа шанса за нејзино избегнување или опструкција.

Овој случај беше покренат од страна на неколку групи за заштита на јавниот интерес, кои се противат на одлуката на Одделот за правда да не објавува детални информации за притворените. Но апелациониот суд одлучи дека Америка денес се соочува со непријател исто како во времето на Студената војна, и оти правосудниот систем на владата не е во позиција да се сомнева во експертите за анти-тероризам, кога станува збор за националната безбедност.

Но одлуката не беше едногласно донесена и еден од апелациониоте судии го критикуваше судот за прифаќање на како што ги рече владините нејасни и слаби аргументи, со задржување на информациите за притворените, од кои најголем дел сега се депортирани заради откривање на прекршувања на имигрантските закони.

XS
SM
MD
LG