Линкови за пристапност

Како Црна Гора привлекува инвеститори - 2003-06-17


Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ вели дека во изминатата година, ситуацијата во неговата земја е значително подобрена. Пред потенцијалните инвеститори тој кажа дека односите со Србија се одлични и дека целиот Западен Балкан се приближува кон интеграција со ЕУ.

Г-динот Ѓукановиќ рече и дека по неколку неуспешни обиди, Црна Гора е решена да ги приватизира големите државни бизниси и банки кои се доминантни во оваа економија што е во стагнација. Црногорскиот премиер најави и дека огромната фабрика за алуминиум, комерцијалните банки и поголемите одмаралишта ќе бидат приватизирани кон крајот на годината.

Многумина од преку 100-те претставници од мулти-националните компании, учесници на конференцијата, велат дека се импресионирани од владиниот став и очигледната сериозност. Претходно, црногорската влада одбиваше да ја предаде контролата врз локалните фирми на субјекти од надвор.

Компаниите Ај-Би-Ем и Сименс велат дека се надеваат на добра перспектива во Србија и Црна Гора.

Останатите компании на Црна Гора гледаат како на влез во поголемиот и побитен пазар на Србија. Најитните планови за инвестиција се крајбрежните хотели од кои поголем дел се се уште во државна сопственост и имаат голема потреба од модернизирање. Модернизација му е потребна и на телекомуникацискиот сектор, за кој се верува дека ќе биде привлечен за инвестиции.

Деловните лидери сепак посочија на натамошната економска кревкост на регионот како и подложноста на уназадувања од политички причини. Еден од нив кажа дека Србија загубила неколку важни инвеститори поради атентатот врз реформистичкиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Голема пречка за некои од нив би било обновување на насилството во Македонија и на Косово.

XS
SM
MD
LG