Линкови за пристапност

Предлог на Филипини за решавање на кризата со Северна Кореја - 2003-06-17


Филипинскиот министер за надворешни работи, Блас Опле го изложи предлогот на Манила за решавање на севернорејската криза за време на финаланата сесија од годишната Асоцијација на земјите од Југоисточна Азија.

Со предлогот од Пјонгјанг се бара кредибилна и неотповиклива елиминација на нуклеарната програма.

За возврат, Северна Кореја ќе добие безбедносни гаранции од пет земји: САД, Јужна Кореја, Кина, Русија и Јапонија. Со предлогот се ветува и нормализирање на економските односи и економска помош.

Во Азискиот регионален форум е вклучена Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија заедно со уште 13 држави од поширокиот азиско-пацифички регион.

Веројатноста за едногласна поддршка на предлогот е мала.

САД постојано ја отфрлаа идејата за какви било директни преговори со Северна Кореја. Вашингтон вели дека сега товарот паѓа на Пјонгјанг и од него се очекува да стави крај на нуклеарната програма пред да се разговара за економската помош.

Северна Кореја неодамна јавно призна дека се обидува да дојде до нуклернао оружје како начин за одвраќање на, какао што вели, непријателската политика на САД. Северот бараше билатерални разговори со САД, како чекор за постигнување на договор за ненапаѓање.

Кен Велс е директор на корејските студии на австралискиот национален Универзитет. Тој предупредува дека САД и нивите сојузници не смеат да ги занемарат заканите на Пјонгјанг.

“Од политичка гледна точка на Северна Кореја и од гледна точка на опстанок на актуелниот севернокорејски режим, што е нивна главна цел, преговарачката стратегија на која инсистираат не мора да значи дека е ирационална“, вели господинот Велс.

Како знак на растечката севернокорејска политика на изиолација, Пјонгјанг нема да го испрати својот министер за надворешни работи на утрешниот Азиски регионален форум и наместо него испраѓа претставник од понизок ранг.

XS
SM
MD
LG