Линкови за пристапност

Продолжуваат обидите за примирје меѓу Израел и Палестинците - 2003-06-17


И покрај дводневните разговори со египетските посредници, лидерите на Хамас не се согласија на прекин на огнот. Тие велат дека Израел прво мора да се согласи на запирање на сите напади против нив, вклучувајќи ги и Палестинците осомничени за вмешаност во насилства против Израелците.

Хамас ја презеде одговорноста за најтрагичниот самоубиствен напад во поново време, што се случи минатата среда во Ерусалим, во кој загинаа 17 лица, а над 100 беа повредени.

Администрацијата на Буш го осуди нападот, но исто така го критикуваше и Израел за обидот за убиство на висок претставник на Хамас еден ден пред тоа.

Овие инциденти се дел од еднонеделното насилство, при што загинаа над 60 лица, и изнудија интензивирање на напорите од Вашингтон за смирување на ситуацијата. Според некои денешни извештаи, администрацијата на Буш одржува тајни разговори со високи израелски официјални лица во Вашингтон и можно е дури кон крајот на оваа недела да го испрати државниот секретар Колин Пауел во Израел.

Израелското радио денеска јави дека шефот на израелската тајна служба Ави Дичер се наоѓа во Вашингтон, на барање на администрацијата на Буш на претходно ненајавени консултации на кои ќе ја објасни израелската загриженост околу безбедноста.

Државниот секретар Пауел во четврток треба да отпатува на економската конференција во Јордан и се навестува дека тој во петок би можел да замине во Израел.

Специјалниот пратеник на претседателот Буш за Блискиот исток, Џон Волф веќе се наоѓа во регионот каде од минатиот викенд разговора со обете страни.

Денеска исто така се цитира висок претставник на Израелската армија, кој вели дека Израел нема да ја предаде надлежноста за безбедноста во палестински раце во ниту една област, се додека Хамас не објави оти ќе прекине со терористичките напади.

Сепак, обете страни изразуваат оптимизам дека на крајот ќе се согласат на прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG