Линкови за пристапност

Кина треба да го ослободи Јанг Џан-ли - 2003-06-16


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

И покрај одлуката на ОН, кинеската Влада го приведе Јанг Џан -ли, кинески државјанин со статус на постојан жител на САД. Господинот Џан-ли беше уапсен во април минатата година, откако се вратил во Кина користејќи пасош на друго лице. Кинеските претставници неколку пати одбивале да го обноват пасошот на господинот Џан-ли.

Тој пристигнал во САД на студии во 1985. Во 1989 се вратил во Пекинг да ги поддржи мирните про-демократски демонстрации кои брутално беа задушени од кинеската влада за време на познатиот масакар на плоштадот Тјенанмен. Оттогаш господинот Јанг живе во Бостон, во државата Масачусетс каде работи како математичар и економист. Тој раководи со Фондацијата за Кина во 21 век, група која се залага за демократија во најголемата комунистичка држава во светот.

Кинеската влада го држи затворен господинот Јанг повеќе од една година без да му дозволи видување со семејството или средба со адвокат. Неговиот случај дојде до Работната група на Комисијата за човекови права на ОН која се занимава со арбитражно притворање. Таа најде дека Кина не покренала формално обвинение против господинот Јанг и не го објавила формално неговото апсење, не му дозволила пристап до адвокат и не го пуштила на слобода после 37 дена, како што бара кинескиот закон кога нема да биде поднесено обвинение.

Портпаролот на американскиот Стејт Департмент Ричард Баучер вели дека кинеската влада очигледно му ја ускратува можноста на господинот Јанг законски да се брани.

"Ова апсење и држење во притвор е кршење на Меѓународната конвенција за граѓански и политички права и на Универзалната декларација за човекови права. Ние сме особено загрижени заради јавното одбивање на Кина да го прифати меѓународниот процес и доказите изведени од независно тело на правници", истакна г-динот Баучер.

Кога кинеската влада ќе го ослободи Јанг Џан-ли и ќе му дозволи да им се врати на сопругата и децата во Бостон?

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG