Линкови за пристапност

Колин Пауел до Израелците и Палестинците повторно апелира на воздржаност - 2003-06-13


Господинот Пауел рече дека лидерите на Израелците и на Палестинците денеска му кажале оти и покрај насилствата тие остануваат на мапата кон мир на Блискиот исток и на обврските преземени на минатонеделниот самит во Акаба со претседателот Буш. Во разговорите со новинарите во Вашингтон, државниот секретар одби да упати специфични критики на израелските напади врз палестинските милитанти, истакнувајќи дека примарната цел мора да бида запирање на тероризмот:

„Важно е да се прекине тероризмот. Доколку тоа се случи, потоа веќе нема да биде потребен одговор на тероризмот. Значи, ние мора да работиме во тој правец, да го запреме тероризмот. Сите наши напори се фокусирани на Хамас и на убедувањето на Хамас, Исламски Џихад и другите терористички организаци дека ова е време кога треба да се откажат од тероризмот“.

Американскиот државен секретар укажа на апелот од палестинскиот премиер Махмуд Абас на самитот во Акаба за запирање на вооружената интифада против Израел, и рече дека секој што сака да ги претставува Палестинците и нивните надежи за своја држава, треба да ги слуша овие зборови.

XS
SM
MD
LG