Линкови за пристапност

Најнови вести 6-13 - 2003-06-13


Ирак

Американски воени претставници велат дека неделава американски војници убиле најмалку 97 непријателски борци во Ирак, за време на операцијата чија цел е искоренување на лојалните симпатизери на Садам Хусеин.

Официјални лица велат дека 70 од жртвите биле убиени во напад врз, како што вели американската Централна Команда, терористички камп за обука северозападно од Багдад. Командата уште вели дека американските трупи денеска убиле дополнителни 27 борци, откако трупите биле нападнати северно од ирачкиот главен град. Во трета акција, воените власти велат дека американските трупи заробиле 74 осомничени припадници на ал-Каида во акција во близина на градот Киркук. Американските сили ги презедоа овие операции по нападите врз американските војници за што ги обвинуваат герилците лојални на Хусеин.

Северна Кореја

Влијателниот дневен јапонски весник Асаши Шимбун вели дека Северна Кореја се согласила на петпартитни разговори околу нејзината нуклеарна програма, но само откако ќе има билатерални средби со САД.

Весникот го цитира заменикот претставник во ОН, Хан Сонг Рјол, кој вели дека Пјонгјанг би се согласил на мултилатерални разговори, само доколку има директни средби со САД. Оваа изјава на г-динот Хан, весникот ја толкуваше како условно прифаќање на американскиот предлог за одржување на петпартитни разговори на кои би учествувале и Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Новинската агенција Ројтерс вчера јави дека САД предложиле вакви разговори, за време на тајните дискусии со севернокорејската делегација во ОН, минатата недела. Вашингтон ги порекнува овие извештаи.

Израел - Палестинци

Се зголемија заканите од нови насилства меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, откако обете страни објавија дека не се безбедни, а надежите за брзо имплементирање на меѓународниот мировен план, се намалени.

Израелските претставници и медумите денеска велат дека израелскиоте премиер Ариел Шарон и наредил на армијата, цитираме, комплетно да го уништи Хамас, бидејќи не верува дека палестинскиот премиер Махмуд Абас ќе може милитантите да ги стави под контрола. Претставници на Хамас остро реагираат на вчерашниот напад при што е убиен висок претставник на групата и членовите на неговото семејство. Хамас вети одмазда велејќи оти секој Израелец станал цел на напад и ги предупредува странските државјани да го напуштат Израел. Во насилставата во изминатие два дека, загинаа најмалаку 32 лица, вклучувајќи и неколку цивили.

ЕУ - Устав

Делегатите на конвенцијата на ЕУ го одобрија предлогот за устав со кој се објаснува како ќе се управува со блокот што се проширува во наредните децении.

Денеска во Брисел, претседавачот на конвенцијата, поранешниот француски претседател Валери Жискар Дестен кажа дека ќе им го презентира предлог уставот на европските лидери на самитот идната недела во Грција. Клучни одредби се долгогодишен претседател на Европскиот совет и министер за надворешни работи на ЕУ. Во предлогот исто така се предвидува поефикасно законодавство и правни процедури. Властите велат дека деталите за некои главни точки како даноците и правото на национално вето, се уште не се усогласени и за нив ќе се расправа кон крајот на годинава.

Србија - Воени злосторства

Поранешниот шеф на српската тајна полиција Јовица Станишиќ во трибуналот во Хаг се изјасни дека не е виновен по обвиненијата за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Господинот Станишиќ беше уапсен во почетокот на годинава во Белград заради злосторства што наводно ги извршил во Хрватска и во Босна и Херцеговина во почетокот на 90-те. Меѓу другото тој е обвинет и за вмешаност во убиствата на 225 лица во хрватската болница во Вуковар во 1991 година. Утрово српската полиција во Белград го уапси Веселин Шљиванчанин, поранешен офицер во југословенската армија кој е обвинет за воени злостосртва, откако претходно се судри со толпата луѓе што се обидувале да го заштитат.

САРС

Светската здравствена организација ја повлече забраната за патување за поголемиот дел на Кина откако е постигнат напредок во ставање под контрола на Тешкиот акутен респираторен синдром.

Здравствената агенција на ОН денеска соопшти дека забраната е повлечена за цела Кина, освен за Пекинг. Исто така останува забраната за патување во главниот град на Тајван, Тајпеи. Организацијата вели дека оваа одлука е донесена врз основа на внимателно разгледување на опаѓањето на ширењето на САРС надвор од Пекинг. Главниот експерт за заразни болести, Дејвид Хејман вчера во Пекинг изјави дека е импресиониран од напорите на Кина да го спречи САРС-от.

XS
SM
MD
LG