Линкови за пристапност

Голема американска акција во Ирак за запирање на герилските напади - 2003-06-12


Американските војници уапсија стотици Ирачани во обид да стават крај на герилските напади врз американските трупи. Воената операција е најголемата во Ирак, по завршувањето на војната.

Американски официјални лица велат дека илјадници војници потпомогнати од борбени авиони, хелихоптери и специјални патроли, навлегуваат низ областа северно од Багдад, што зафаќа површина од 50 квадраттни километри, трагајќи по оружје и борци.

Областа, каде доминираат муслиманите Суни е позната како Сунски триаголник и беше користена како контролна база на поранешниот ирачки лидер Садам Хусеин. Местото беше центар на неодамнешните серија напади, во кои беа убиени најмалку 10 американски војници, а десетина беа повредени во изминативе две недели.

Американски претставници велат дека имаат разузнавачки податоци оти високи припадници на партијата Баат се кријат во регионот на реката Тигар.

Сериите американски акции познати под името – Операција напад на полуостров, имаат за цел апсење на лојалните членови на Баат кои ги планираат и изведуваат нападите врз коалиционите трупи под американско раководство.

Досега, американските трупи уапсија околу 400 Ирачани на испрашување. Тие велат дека затворениците за кои не се открие дека не се непријатели, ќе бидат ослободени. Но, доколку се верува оти осомничените се опасни и можни причинители на проблеми за Ирачаните или за коалиционите сили, ќе бидат задржани.

Ирачките цивили се жалат дека операцијата е прекумерна, со апсење и на жени и деца, обвиненија кои американските претставници ги порекнуваат.

Во меѓувреме, коалиционите сили под американско водство ги предупредија странските дипломати во Багдад дека остануваат во Ирак на сопствен ризик.

XS
SM
MD
LG