Линкови за пристапност

Најнови вести 12 јуни 2003 - 2003-06-12


Израел-Палестинци

Палестински медицински извори велат дека најмалку тројца Палестинци загинале во израелски ракетен напад во градот Газа.

Очевидци изјавуват дека денеска од израелски хеликоптер биле истрелани ракети во автомобил на член на палестинската милитантна група Хамас. Автомобилот бил уништен, а повредени се најмалку 25 лица. И Израелците и Палестинците се заканија со зголемување на насилствата, еден ден откако еден палестински бомбаш самоубиец изврши напад во Ерусалим при што загинаа 17 лица, а во Поласот Газа во израелски ракетни напади беа убиени 10 лица. Хамас ги повикува сите странци да го напуштат Израел, истакнувајќи дека на сите нејзините воени ќелии им е издадена наредба да преземат итна акција и да изведуваат повеќе напади врз Израелци.

Иран-ОН

Иран ги негира извештаите дека им забранил на инспекторите на ОН да извршат инспекција на нуклеарните постројки во земјата, во услови кога Техеран се соочува со обвинувања дека тајно развива атомско оружје.

Портпаролот на иранската Организација за атомска енергија за Ројтерс изјави дека инспекторите на ОН за нуклеарно оружје ги посетиле сите места кои имале намера да ги посетат. Весникот Вол Стрит Џорнал, цитира лица запознаени со ова прашање, кои велат дека инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија вчера ненадејно го напуштиле Иран, откако ирански официјални лица одбиле да им дозволат посета на постројката за нуклеарна енергија на електро-компанијата Калаи во Техеран. Администрацијата на Буш врши притисок врз Меѓународната агенција за атомска енергија да објави дека Иран го прекршува Договорот за неширење на нуклеарното оружје.

Авганистан-тероризам

Авганистанскиот министер за внатрешни работи Али Ахмад Џалали изјави дека непријателските сили обучуваат бомбаши -самоубијци да изведуваат напади врз странските трупи распоредени во Авганистан.

Тој не посочи директно кој ги обучува, ниту пак каде. Г-динот Џалали ова го изјави на прес-конференција во Кабул, неколку дена по нападот со автомобил бомба врз автобус со германски мировници во источното предградит на главниот град, при што загинаа четворица германски војници. Во Берлин вчера, германскиот министер за одбрана Петер Штрук изјави дека самоубиствениот бомбашки напад од неделата бил дело на член на терористичката организација на Осама бин Ладен, Ал каида.

САРС-СЗО

Светската здравствена организација вели дека глобалната епидемија на САРС веројатно го достигнала крајот, но ги предупреди земјите и натаму да бидат внимателни.

Генералниот директор на СЗО, Гро Харлем Брунтланд за новинарите во Осло денеска изјави дека новите случаи на САРС во светот бележат опаѓање. Но таа истакна деке е важно земјиите и натаму да бидат внимателни, во случај на повотрно избивање на епидемијата. Претходно во Манила, регионалниот претставник на СЗО Хитоши Ошитани рече дека болеста во Кина е под контрола, што не е случај во Тајван. Денеска Тајван пријави два нови случаи на зарзеност со САРС. Во Пекинг, експертот на СЗО за за инфективни болести Дејвид Хејман изјави дека е импресиониран од напорите на Кина за изолирање на САРС и најави дека предупредувањето против патување во оваа земја наскоро може да биде укинато.

Чешка-референдум за членство во ЕУ

Чешките гласачи се очекува да го одобрат зачленувањето на нивната земја во ЕУ, на референдумот што ќе се одржи утре и задутре.

Најновите ипитувања на јавното мислење индицираат дека околу 60 проценти од гласачите ќе излезат на референдум, додека најмалку 75 проценти од нив ќе го поддржат приклучувањето кон ЕУ. Чешката Република ќе биде седмата држава што ќе биде дел од најголемото проширување на Унијата досега. Со исклучок на тврдокорните комунисти, сите чеки парламентарни партии изразија поддршка за членството во ЕУ. Од осумте поранешни комунистички држави кои следната година ќе се приклучат кон Унијата, Чешката Република е меѓу најбогатите и воедно најголем скептик околу бенефициите. Чесите изразуваат загриженост поради можните неповолности, како зголемување на цените, губење на суверенитетот и проток на локална работна сила кон Австрија.

Куба -ЕУ

Кубанската Влада повика на масовни протести денеска пред амбасадите на Шпанија и Италија во хавана, против неодамнешната одлука на ЕУ за ревизија на политиката кон Куба.

Вчера, министерот за надворешни работи Фелипе Перез Роке, ревизијата на политиката на Еу ја нарече хипокризија и го обвини шпанскиот премиер Џозе Мариа Азнар дека стои зад оваа мерка. Канцеларијата на г-днот Азнар засега не одговори на обвинувањето. Односите на ЕУ со Куба почнаа да се нарушуваат откако Хавана осуди тројца киднапери на фероброд и на почетокот на годинава затвори 75 продемократски дисиденти за предавство и субверзивни дејства. Русија Ден на независност

Русија денеска го прославува Денот на независноста или Денот на Русија.

Претседателот Владимир Путин и десетици руски високи функционери го следеа дефилето на Црвениот Плоштад во Москва од платото пред Мавзолејот на Ленин. Колони од војници, спортисти и танчери, облечени во националните бои црвена, сина и бела заедно со претставнциите на 89-те руски региони го претставуваа огромното руско знаме. Во говорот пред присутните, г-динот Путин ја истакна важноста од единството, бидејќи според него, „само обединета, Русија може да стане демократска сила која че биде економски сила и отворена кон светот“.

XS
SM
MD
LG