Линкови за пристапност

Блер: Ова не е поволен момент за откажување од фунтата - 2003-06-10


Британската влада го изложи акциониот план за евентуалното присвојување на единствената европска валута, еврото.

Како што кажа премиерот Тони Блер, со тоа што не го прифаќа еврото, Британија не може да си дозволи да остане надвор од Европа. Сепак, британскиот лидер истакна дека во моментов условите не се поволни за откажување од фунтата.

За време на прес-конференција, г-динот Блер истакна дека одлуката да се почека со усвојување на еврото била делумно политичка, но кажа и дека притоа се земени предвид и економските услови.

Евалуација на целата ситуација се очекува да се направи во наредните 12 месеци, но испитувањето на јавното мислење и натаму покажува дека поголемиот дел од Британците не сакаат да се откажат од фунтата. Г-динот Блер кажа дека наредната година ќе биде и време кога неговата влада ќе се обиде да го убеди просечниот Британец дека приклучувањето кон заедничката валута, ќе има најмногу смисла.

„Предностите се сега јасно изречени. Патеката е јасна. Ова е нешто што сакаме да го направиме. Во тек е процес на отстранување на пречките, но на крајот ова не е ништо друго, освен национален економски интерес. Ова е ставот, што мислам дека на крајот земјата ќе го разбере“, истакна британскиот премиер.

Британската влада вети дека ќе распише референдум за приклучување кон единствената валута, но се уште не се знае кога тоа ќе се случи. Г-динот Блер вели дека тоа би се случило пред или после наредните избори во земјата, што мора да се одржат во рок од три години.

XS
SM
MD
LG