Линкови за пристапност

Претседателот Буш и натаму оптимист за блискоисточниот мировен процес - 2003-06-09


Претседателот јасно стави на знаење дека нема да биде обесхрабрен и дека мировниот процес ќе продолжи.

„Јас сум оптимист зашто имав можност да ги слушнам премиерите на Израел и на Палестинската Управа кои зборуваа за потребата од мир и за потребата од држава“, истакна господинот Буш.

Тој кажа дека ќе стори се што е можно да го поддржи господинот Абас, кој вети дека ќе работи во интерес на мирот.

„Просечниот Палестинец мора да свати дека животот ќе се подобрат доколку се следи визијата на премиерот Абас“, рече американскиот претседател.

Тој подвлече дека сите Арапи мора да разберат оти насилството води само кон беда.

XS
SM
MD
LG