Линкови за пристапност

Американскиот државен секретар Колин Пауел во посета на Чиле - 2003-06-09


Секретарот Пауел вели дека администрацијата на Буш била разочарана бидејќи Чиле и Аргентина не ги поддржале нејзините напори за донесување резолуција на Советот за безбедност на ОН во март, за одобрување на американската воена акција во Ирак.

Сепак, тој не гледа никакви „трајни лузни“ или последици од овој настан и истакнува дека страните се нетрпеливи да разговараат за иднината, а не за минатото, за што доказ е заклучокот од минатиот петок за долгоочекуваниот договор за слободна трговија меѓу САД и Чиле.

Во разговорот со новинарите на пат кон Сантијаго, господинот Пауел кажа дека кусата посета на Латинска Америка ќе овозможи обнова на некои од запоставените дипломатски односи со земјите од оваа хемосфера, по периодот на фокусираност на американската политика на Ирак и израелско-палестинскиот конфликт.

Освен учеството на пленарните седници на Органзиацијата на американските држави, денеска е планирано државниот секретар да има билатерални средби со чилеанскиот претседател Рикардо Лагос, со генералниот секретар на Организацијата на американските држави Сезар Гавириа и со неговите колеги од Чиле, Бразил, Колумбија и Перу.

Тема на годишното Собрание е како доброто управување, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата, може да помогне за зајакнување на економиите во Латинска Америка, каде клучните зеmји како Аргентина и Венецуела се соочуваат со тешки економски кризи, а целокупниот економски раст изнесува нула.

На собирот ќе стане збор и за политичките конфликти на Хаити и во Венецуела, каде договорот постигнат со посредство на Организацијата на американските држави за референдумот за претседателствувањето на Хуго Чавез од 19-ти август се чини понуди начин за надминување на долгогодишното несогласување со неговите политички противници.

Се очекува министрите на земјите членки на Организацијата да го обноват барањето до владата на претседателот на Хаити, Жан Бертран Аристид за повторно воспоставување на безбедноста и почитувањето на човековите права и за одржување на слободни и фер избори кон крајот на годинава.

Кај министрите од карипските и други земји не постои волја во рамките на Организацијата да се разговара за Куба, бидејќи на владата на Фидел Кастро подолг период и е сусшендирано учеството во организацијата.

Но, господинот Пауел вели дека во неговиот денешен говор на Собранието, нема да се воздржува од споменување на Куба во однос на како што рече се полошата ситуација со човековите права.

Господинот Пауел во разговорот со новинарите за време на летот кон Чиле, рече дека владата на Кастро, која во април осуди 75 водечки дисиденти на долгогодишни казни затвор, претставува анархонизам на хемисферата.

Американскиот државен секретар утре накусо ќе престојува во Буенос Аирес, каде ќе се сретне со новоизбраниот претседател на Аргентина, Нестор Киршнер.

Господинот Киршнер, кој се смета за популист, се спротивстави на политиката на автоматско сојузништво со САД и го покани кубанскиот претседател Кастро на неговата инаугурација на 25-ти мај.

Но, секретарот Пауел рече дека администрацијата на Буш сака добри односи со Аргентина и е подготвена да и помогне на земјата во надминување на економските тешкотии.

XS
SM
MD
LG