Линкови за пристапност

Осврт:Брзи и бесни-втор дел - 2003-06-05


Дејството на "2FAST 2FURIOUS" се случува длабоко во американската субкултура каде модифицираните машини и посебно штосните автомобили јурат низ улиците во спонтани и незаконски трки.

AUDIO CUT TWO "2FAST 2FURIOUS" CLIP "READY? GO!" (CAR SFX)

Полицијата вообичаено работи на спречување на овие тајни трки, но неколкуте вешти возачи можеби се токму оние кои ќе помогнат за фаќање на познатиот нарко-шеф:

Пол Вокер го игра единствениот лик кој е задржан од претходниот филм. Во "THE FAST AND THE FURIOUS" тој беше полицаец од Лос Анџелес кој како таен агент влегува во светот на улични трки во Калифорнија. Овој пат дејството е поместено кон исток, во Мајами, Флорида. Ликот на Вокер ја губи значката, но се уште се наоѓа работејќи на вистинската страна на законот.

Вин Дизел, кого првата верзија на филмот го направи ѕвезда, избра да не учествува во продолжението, така што овој пат партнер на Вокер му е помалку познатиот рапер кој прејде во актери Тајриз Гибсон.

„Тие требаше да не запрат малку. Пол и јас заедно дојдовме во Мајами... и тоа е надвор од сцената. Одевме на забави, бевме опкружени со жени, беснеевме, со голема брзина возевме автомобили по улиците на Мајами. На полицајците ќе им кажевме „ние само вежбаме“. Тоа беше безобразно. Убаво се забавувавме“, се потсетува Гибсон.

Во сцените со автомобилите, исто така се појавуваат многу убави млади жени. Така, во "2FAST 2FURIOUS" настапуваат прекрасната Американка од кубанско потекло Ева Мендез во улога на таен полициски агент на задача со „момчињата“:

Режисерот Џон Синглтон вели дека познавал вистински ликови од уличните трки, растејќи во Лос Анџелес; но сепак сметал дека преместувањето на дејството на акцијата во сончевата, жешка Флорида дава нова димензија.

„Мајами е одлично место, бидејќи само таму луѓето од источниот брег се среќаваат со Латинска Америка, среќаваат луѓе од југот и од Европа. Така ова место има најразлични типови на луѓе и се се сведува на забава. Целата работа е да изгледаш убаво и полно е со различни, згодни луѓе. Тоа е секси град. Размислувавме како овој филм да го направиме сосема нов и тоа што го пренесовме дејството од Лос Анџелес во Мајами му даде сосема ново рамниште“, раскажува Синглтон.

Во "2FAST 2FURIOUS" исто така играат и Крис Бриџис, познат по неговото име во рап музиката "LUDACRIS". А гламур на оваа високобрзинска акција и дава супермоделот кој замина во актерки Дивон Аоки.

XS
SM
MD
LG