Линкови за пристапност

Злоупотребите од страна на иранскиот режим - 2003-06-05


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Амнести Интернешенел, организацијата за заштита на човековите права со седиште во Лондон, извести дека ситуацијата во Иран се влошува. Уапсени се многу политички активисти, додека други без причина и натаму се во затвор. Затворениците ги мачат и ги малтретираат за да им изнудат лажни признанија. Имаше серија на погубувања на политички затвореници.

Иранските жени се меѓу главните цели на исламскиот фундаменталистички режим. Формирани се таканаречени “моралистички сили“ за да се борат против наводното “неисламско однесување“. Припадниците на овие сили, меѓу другото, ги тепаат и ги напаѓаат младите жени на улица затоа што се нашминкани или носат облека што се смета за нескромна. Членовите на про-режимската група Ансар е Хезболах, исто така ги издвојува жените чија облека не ја покрива нивната коса или сите делови на телото освен рацете и лицето, или пак оние што се нашминкани и или имаат лак за нокти.

Во некои случаи, припадниците на Револуционерната гарда на иранскиот режим ги силуваат затвореничките наводно со објаснување дека спречуваат непослушните жени да одат во рајот. Роја Сепејрахт е Американка родена во Иран, која била во затвор од 1981 до 1985 година, затоа што не се согласувала со политиката на свештеничкиот режим. Таа кажува што се случило на некои нејзини пријателки:

„Јас сум тука денеска само затоа што тие корумпирани свештеници го одзедоа богатството на моето семејство во замена за мојот живот. Две мои најдобри пријателки, на возраст од 16 и 17 години беа погубени. Многу од моите пријателки беа силувани ноќта пред да бидат погубени. Свештениците веруваат дека овој гаден чин што го изведуваат членовите на Револуционарната гарда претставува жртва за бога. Ова силување, таа таканаречена жртва се прави за да се спречи девиците да одат во рајот“, вели таа.

Овие варварски чинови објаснуваат зошто иранскиот теократски режим станува се понепопуларен и зошто иранскиот народ бара основни политички промени – вклучувајќи го и правото да избере цивилизирана влада.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG