Линкови за пристапност

Финале НБА: Спурс ги победија Нетс во првиот натпревар - 2003-06-05


Сан Антонио Спурс синоќа ги победија Њу Џерси Нетс во првиот натпревар од финалето на Националаната кошаркарска асоцијација, Ен-Би-Еј. Иако Тим Дакан постигна најмногу поени, според играчот на годината во лигата за победата најзаслужен е 37-годишниот Дејвид Робинсон кој објави дека по завршувањето на сезоната ќе се пензионира.

Вчерашниот натпревар заврши со 101 спрема 89 во корист на Сан Антонио Спурс, со што се прекина серијата од десет победи на Њу Џерси Нетс.

Тим Данкан заврши со 32 поени, од кои 24 во второто полувреме, со 20 скока и седум блокади, најмногу во плејоф сезоната. Но Ем-Ви-Пи играчот вели дека Дејвид Робинсон бил оној кој ја внел енергијата во играта.

„Кога Дејвид игра како што играше, многу е потешко да бидеме победени. Тој беше неверојатен вечерва. Тој беше насекаде по теренот, играше со голема енергија. Тој навистина имаше машина во нозете и кога игра така, навистина сме опасни“, рече Данкан.

Робинсон постигна шест од осум поени од игра, а заврши со вкупно 14, плус четири блокади. Вториот натпревар меѓу Спурс и Нетс ќе се одигра утре вечер во Сан Антонио.

XS
SM
MD
LG