Линкови за пристапност

Џон Ешкрофт бара поголеми законски мерки за американската Влада во справувањето со тероризмот - 2003-06-05


Главниот американски правобранител Џон Ешкрофт побара од Конгресот да го заостри законот со кој на владата и се дава нова поширока надлежност за справување со потенцијалните терористи. Г-динот Ешкрофт говореше пред Конгресната Комисија што испитува дали засилувањето на американскиот Акт за патриотизам што едногласно беше одобрен од Конгресот по терористичките напади во 2001 година, претставува закана за приватноста и граѓанските слободи.

Многумина конгресни претставници се уверени дека Одделот за правда оди предалеку во начинот на интерпретирање но и на заострување на Патриотскиот акт.

Г-динот Ешкрофт верува дека овој закон е од витално значење во војната против тероризмот.

„Ние, овие нешта ги користиме за собирање разузнавачки податоци, и да спречиме терористите да предизвикаат нови жртви и уништувања во нашата земја. На овој начин ги поврзуваме точките. Тоа се алатки кои ги користиме за спасување невини животи“, рече тој.

Во најновиот извештај на Одделот за правда на г-динот Ешкрофт се покренуваат прашања за третманот на странците кои биле притворени и подоцна депортирани поради прекршување на имигрантските закони.

Конгресменот Максин Вотерс од Калифорнија вели: „Загрижени сме поради начинот на кој ја користите вашата моќ, за начинот на кој ги притворате странците“.

Денешното сослушување беше најновото испитување од страна на Конгресот за тоа како се употребуваат новите надлежности за борба против тероризмот.

XS
SM
MD
LG