Линкови за пристапност

Тим инспектори за атомска енергија замина во Ирак - 2003-06-04


Екипа од седуммина инспектори на Агенцијата заминаа од Кувајт Сити со опрема тешка 800 килограми, целосна заштитна облека од радиоактивно зрачење и софистицирани апарати за детекција.

Научниците се очекува да пристигнат во петок во Багдад, каде ќе го започнат двонеделното испитување по извештаите за ограбување на нуклеарната постројка Тувајта, што е на 50 километри јужно од главниот град.

Портпаролот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мелиса Флеминг вели дека ова не е продолжување на потрагата по забранетото нуклеарно оружје

“Оваа мисија потпаѓа во обврските на Ирак што произлегуваат од договорот за неширење на нуклеарно оружје. Законска обврска е да се прифатат инспекторите и да се даде преглед на нуклеарниот материјал во Ирак. Овој материјал беше запечатен од Агенцијата уште од 1991-ва година и инспекторите еднаш годишно проверуваа дали печатот стои или е разбиен. Секогаш беше таму, немаше знаци дека печатот е разбиен, а последната проверка беше во февруари. Поради веста дека бил извршен грабеж, од нас беше побарано да направиме вонредна проверка. За тоа се работи“, изјави госпоѓа Флеминг.

Инспекторите треба да утврдат колку радиоактивен материјал недостига. Тие планираат повторно да го запечатат, да го обезбедат објектот и да се вратат во Виена. Агенцијата истом така сака да земе примероци од животната околина и да ги испита луѓето за кои се вели дека претрпеле радиоактивно зрачење, но американските претставници не дале согласност за такви испитувања надвор од одделни области на големиот комплекс во Тувајта.

XS
SM
MD
LG