Линкови за пристапност

„Марс експерес“ ќе бара знаци живот на планетата Марс - 2003-06-03


Европската вселенска агенција ја започна својата прва мисија на Марс, во потрага по знаци на живот на Црвената планета. Вселенското летало што ќе го истражува Марс вчера беше лансирано на руска ракета Сојуз од вселенската база во Казакстан.

Првото европско летало што ќе го истражува Марс е наречено „Марс експрес“. Тоа треба да влезе во орбитата на Марс во декември и со падобран да спушти мало вселенско возило на површината на планетата.

Главната цел е потрага по вода под карпестата површина на нашата најблиска планета. Научниците веруваат дека на Марс некогаш имало многу вода и дека е можно таа се уште да постои во вид на подземни реки и базени, или пак замрзната. Тие велат дека откритието на водата би ја зголемило веројатноста дека на Марс постоел или се уште постои живот.

Марс Експрес ќе кружи околу планетата во рок од една марсовска година или 687 дена, и ќе бара подземна вода со моќен радар. Исто така, леталото ќе го мери нивото на вода во армосферата.

Според портпаролот на Европската вселенска агенција Џослин Ландо, вселенското возило на површината на Марс ќе ја проверува атмосферата за траги од метан создаден од живи организми и ќе бара други знаци на живот во карпите.

„Ќе направиме дупки во карпите за да откриеме дали има некаква форма на живот, сегашен или во минатото. Секако дека нема да најдеме цвет или животно на Марс. Веројатно ќе најдеме микроби или бактерии“, истакнува Ландо.

Мисијата Марс Експрес е слична на две американски мисии што треба да се уптата кон Црвената планета кон крајот на овој месец. Овие летала, како и Марс експрес, со падобрани ќе спуштат вселенски возила кои ќе бараат вода и траги на животна средина. Разликата е во тоа што американските вселенски возила ќе се движат во радиус од еден километар во потрага по интересни карпи за анализа, додека европското вселенско возило ќе стои во место.

Европските и американските мисии на Марс се резултат на соработка. Американската вселенска агенција НАСА обезбеди дел од средствата за инструментите на „Марс експрес“ од американско производство. Марс експрес, пак ќе им помогне на американските летала да пренесуваат податоци до земјата. Портпаролот на Европската агенција за соработката вели

„Ова е европска мисија, но од друга страна, таа е базирана на соработка. Немаше ништо да направиме ако немавме претходница. Нашата мисија исто така ќе биде од корист за идните мисии“, вели таа.

Причината што европски и американски вселенски летала речиси истовремено се упатуваат кон Марс е израмнувањето на орбитатата на оваа плaнета со онаа на Земјата. Научниците ја користат предноста на фактот што двете планети ќе бидат најблизу една до друга во август, што се случува секои 26 месеци.

XS
SM
MD
LG