Линкови за пристапност

Претседателот Буш  на турнеја во Европа и Блискиот Исток - 2003-05-30


Во Краков, господинот Буш ќе ги посети местата на два нацистички концентрациони логори, ќе се сретне со владините лидери и ќе се обрати на полскиот народ.

Се очекува тој да ја подвлече потребата од борбата против тиранијата, и борбата против, како што господинот Буш ги нарекува „силите на злото“. Воедно, планирано е тој да искаже убави зборови за Полска за искажаниот висок морал и воена поддршка на воената аквија во Ирак.

Од Полска, претседателот заминува во држави кои беа против војната. Во Русија и Франција , каде ќе присуствува на годишниот самит на Групата Осум, многу веројатно е дека тој ќе се фокусира на иднината на меѓусебните односи со овое земји.

Најзначајна точка на неговото патување сепак ќе биде посетата на Блискиот Исток. Тој планира да одржи трипартитна средба со палестинскиот и со израелскиот премиер, во обид да даде нов импулс на новиот мировен план поддржан од САД.

XS
SM
MD
LG