Линкови за пристапност

Претседателот Буш следната недела на Блискиот исток - 2003-05-28


Претседателот Буш следната среда планира да се сретне со господинот Абас и со израелскиот премиер Ариел Шарон, во јорданското пристанишно одморалиште Акаба.

Портпаролот на Белата Куќа Скот Меклилан вели дека фокусот ќе биде на движењето напред, според рокот за создавање на палестинска држава, до 2005 година.

Претседателот Буш ќе разговара за планот и со арапските лидери со кои ќе се сретне во вторник, во Египет. Разговорите доаѓаат на крајот на патувањето на претседателот во Европа, при што ќе ги посети Полска, Русија и франција.

Пред да се упати назад, господинот Буш ќе ги посети американските трупи во нивната Централна команда во Доха за да им заблагодари за успешната инвазија на Ирак.

Долгогодишниот палестински лидер Јасер Арафат вели дека тој треба да биде дел од разговорите по таканаречената Мапа кон мирот на Блискиот Исток. Но, претседателот Буш одби да се сретне со него велејќи дека господинот Арафат не сторил доволно во борбата против тероризмот.

XS
SM
MD
LG