Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:
Серијата терористички напади во Саудиска Арабија, Мароко и Израел предизвикаа осуда низ Блискиот исток. Реакцијата беше особено силна во Саудиска Арабија, по трите координирани самоубиствени бомбашки напади во Ријад во кои загинаа 34 лица.
"Ова беше чисто зло," пишуваше во уредничкиот коментар на Arab News, весник на англиски јазик во Саудиска Арабија. Одговорните за нападите, кажа весникот "се нови фашисти. Сурови, бесчувствителни и полни со омраза, со искривена визија за Исламот, тие објавија војна на човештвото. . . . Тие не се воздржуваат од убивање на секој што им е на патот. . .и бесрамно велат дека тоа е божја работа".
Оние кои ги режираат тие терористички напади ќе бидат пронајдени и казнети. Но тоа нема да биде доволно, пишуваше весникот "Средината која произведува таков тероризам треба да се промени. Самоубиствените бомбаши се охрабрувани од отровот на спротивставување на западниот начин на живеење кој е вбризгуван во вените на Блискиот Исток, а тоа се одразува и на Саудиска Арабија. Оние кои се ситат на 11 септември, оние кои со радост ги поддржуваат самоубиствените бомбашки напади во Израел и Русија, оние кои не-Муслиманите ги сметаат за помалку луѓе од Муслиманите, заради што ги третираат како безвредни, сите носат дел од одговорноста за бомбите во Ријад. "
Како што рече претседателот Џорџ В. Буш, овие ужасни акти на тероризам "се сторени од убијци чија единствена вера е омразата". Но исто така, кажа претседателот Буш,"терористите ги напаѓаат и надежите на Муслиманите насекаде во светот":
"Кога терористите одат во мисии на самоубиство и убиство, тие го погазуваат високоетичкото учење на самиот Ислам", рече тој.
Но, претседателот јасно кажа дека САД "ќе ги најдат убијците и ќе им покажат што значи американската правда."
Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса: Editorials, VOA Washington DC 20237 USA Можете да реагирате и на адреса: www.IBB.gov/editorials