Линкови за пристапност

„Брус семоќниот“ - најгледан филм во САД неделава - 2003-05-28


Алберт Брукс игра нервозен лекар чија ќерка е верена за синот на еден неодговорен таен агент кого го игра Мајкл Даглас. Но пред венчавката, двајцата идни сватови влегуваат во една луда авантура во "THE IN-LAWS," или Сватови, што претставува модерна верзија на комедијата од 1969-та година со Алан Аркин и Питер Фалк во главните улоги.

Кендис Берген исто така игра во филмот што го режираЕндру Флеминг. Најновата верзија на "THE IN-LAWS, или Сватови во првата недела на прикажување се најде на петото место.

"X2: X-MEN UNITED" или Екс-мен втор дел, ги враќа мутантските херои од пред три години, кога беше прикажуван првиот дел на Екс-мен, базиран на ликовите од популарните стрипови Марвел. Со Хју Џекмен, Хали Бери и Патрик Стјуард во главните улоги, Екс мен, втор дел завршува на местото број четири.

Филмската публика е мошне задоволна и од најновата комедија на Еди Марфи. Тој игра функционер отпуштен од работа, по што започнува нов бизнис, што му помага да ја открие смислата на живот, отварајќи дневен престој за деца.

Со Марфи, Стив Зан и Џеф Гарлин во главните улоги, "DADDY DAY CARE", се спушти едно место подолу, на број три.

Војната меѓу луѓето и интелигентните машини достига нови нивоа во "THE MATRIX RELOADED," или Матрикс повторно наоружан, со што продолжува футуристичката метафизичка мистерија која започна во првиот дел на Матрикс во 1999-та година. Лоренс Фишбрн се враќа како Морфеус, кој верува дека Нио кого го игра Киану Ривс, е човекот чија судбина е да го ослободи човештвото од ропството на машините.Кери-Ен Мос го игра кинетичкиот воин – Тринити.

Приказната завршува со третиот дел од филмот "THE MATRIX REVOLUTIONS" или Матрикс Револуции, кој ќе почне со прикажување во ноември. "THE MATRIX RELOADED," во сценарио и режија на браќата Енди и Лари Вачовски, со премиерното прикажување минатиот викенд постави нов рекорд на касите од бројот на продадени влезници.

Неделава, Матрикс повторно наоружан, се наоѓа на второто место заради најновата комедија "BRUCE ALMIGHTLY" , Брус Семоќниот со Џим Кери во главните улоги.

Кери го игра несреќниот Брус, кој често ја крева својата тупаница кон небото и се наоѓа себеси надарен со божествена моќ, додека Господ е на одмор. Во Брус семоќниот играат и Морган Фриман и Џенифер Анистон и неделава е најпопуларниот филм во американските кино-сали.

XS
SM
MD
LG