Претседателот Буш потпиша серија даночни олеснувања за кои вели дека ќе отворат нови работни места и ќе помогнат во оживување на американската економија. Демократите во Конгресот велат дека овие намалувања ќе водат до поглем дефицит.
Не е колку што сакаше претседателот, но даночното намалување од преку 300 милијарди долари ги опфаќа неговите барања за повеќе пари за родителите и намалување на даноците на корпорациските дивиденди.
Тоа е помалку од половина од планот што го бараше, но откако претходно го исмејуваше овој помал пакет како “малечко“ намалување на даноците, господинот Буш вчера го нарече “галантен закон“.
„Обезбедувајќи Американците да имаат повеќе да трошат, да заштедат и да инвестираат, со овој закон се зајакнува економското опоравување“, рече тој.
Пониските даноци ќе се почуствуваат за неколку недели кога многу вработени ќе видат помали задржувања на платата, а родителите ќе добијат чекови за поголеми даночни кредити за децата во јули.
Белата куќа се надева дека тајмингот на даночните олеснувања ќе ја стимулира економијата и ќе ја намали загриженоста на гласачите пред крајот на летото кога ќе се вжешти кампањата за претседателските избори следната година.
Деветмина Демократи се надеваат дека ќе ја преземат функцијата од господинот Буш со тоа што се фокусираат на економијата во опаѓање.