Американски владини претставници велат дека САД го одложиле состанокот со Иран, што требаше да се одржи минатата недела во Женева, заради информацијата дека Иран засолнува членови на терористичката мрежа ал-Каида.
Но, портпаролот на Белата куќа, Ари Флејшер и државниот секретар Колин Пауел ги демантирааа извештаите во медиумите дека се прекинати американските контакти со Иран. Господинот Пауел изјави дека политиката кон Иран, која вклучува дијалог, продолжува и покрај постојната загриженост:
„Не ја одобруваме нивната поддршка на терористичките активности. Со години предочуваме дека не ги одобруваме нивните обиди да развијат нуклеарен капацитет. Нашата политика е добор позната и јас не знам за некакви промени во политиката, за кои се шпекулира, истакна господинот Пауел.
Иран, кој одрекува дека намерно засолнува членови на Ал Каида, вчера соопшти дека биле уапсени неколку лица осомничени дека се припадници на оваа група. Белата куќа пак, реагираше со коментар дека тоа не е доволно.