Линкови за пристапност

Бремер: Главен приоритет во Ирак е обнова на економијата - 2003-05-26


Американскиот администратор во Ирак, Пол Бремер вели дека главен приоритет е да му се помогне на Ирак да ја обнови својата економија. Тој соопшти дека програмата за кредитирање има цел да се поттикнат странските инвестиции во Ирак.

Господинот Бремер соопшти неколку работи, вклучувајќи го и формирањето на новиот објект за кредитирање на трговијата што има за цел да ја поттикне обемната ирачка трговија преку обезбедување на финаниски средства за увоз во Ирак. Тој кажа дека задачата на Ирак е да влезе во нова фаза што ќе има за цел да помогне во обновата на земјата.

Тој изјави дека советодавниот Совет за де-баатификација ќе биде формиран за да му помогне на Ирак да се ослободи од стариот режим на Садам Хусеин. Тој рече дека Советот исто така ќе придонесе за враќање на имотот на партијата Баат на ирачкиот народ.

Господинот Бремер кажа дека коалицијата и локалните ирачки власти постигнале големи успеси во обновувањето на основните услуги, иако додаде дека електричната енергија и натаму е проблем, особено во Багдад.

Американскиот администратор кажа дека во трезорот на Ирачката централна банка во Багдад биле пронајдени 250 милиони долари. Тој додаде дека парите ќе останат во Централната банка.

Господинот Бремер најави дека наскоро ќе се продава ирачката нафта, велејќи дека приходите ќе одат директно кај ирачкиот народ.

Господинот Бремер вели дека има намера да продолжи со програмата за делење храна и објасни дека 60 отсто од Ирачаните зависат од владата за храна.

XS
SM
MD
LG