Линкови за пристапност

Ден на сеќавањето - 2003-05-26


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

Денеска е Ден на сеќавање во САД, време кога Американците им оддаваат почит на оние кои ги дале животите за одбрана на САД и за нивниот начин на живеење.

Од 1775, Американците се бореле против непријатели на слободата на многу места—од калливите полиња на Франција до замрзнатите ридови на Кореа. Денес, тие и нивните сојузници се борат за победа во војната против глобалниот тероризам. Од терористичките напади што ги изведе ал-Каида на 11 септември 2001 коалиции предводени од САД го ослободија Авганистан и Ирак од репресивни режими кои спонзорираа тероризам. Но за победата треба да се плати цена. Претседателот Џорџ В. Буш им оддаде признание на Американците кои за слободата платиле најскапо:

"Секое име, секој изгубен живот е загуба за нашата армија, за нашата нација и за оние кои кои тагуваат по саканите. Тие што ги загубивме, последен пат беа видени на должност. Нивниот последен акт на земјата беше борба против големо зло и донесување слобода за другите“,порача тој.

Војната во основа се промени од времето кога Американците војуваа за независност од Британија во 1775. На САД и другите земји им се закануваат терористи кои покажаа дека не постои оружје што тие не би го употребиле да ја постигнат својата цел. Поразување на таков непријател е голем предизвик, но Американците се подготвени на него да одговорат, како што всушност, кажа претседателот:

"Карактерот на нашата армија низ историјата, смлоста покажана во Нормандија, во окупираната од Нацисти Франција во Втората Светска Војна, храброста на оние кои се бореа против јапонската агресија на Пацифичките острови како Иво Џима, чесноста и идеализмот што непријателите ги престорија во сојузници, е целосно присутно во оваа генерација",рече г-динот Буш.

Оружјето и тактиките се променети, но каузата за која се борат Американците, кажа претседателот Буш, не се променети.

"Американските вредности и американските интереси поведоа во иста насока. Ние се застапуваме за слобода на човештвото", рече тој.

Американските мажи и жени кои и служат на државата, кажа претседателот Буш, "ги штитат демократските идеали на кои нашата земја е заснована, и тие никогаш не ја изневериле државата“.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG