Линкови за пристапност

Моторциклистите со „Тркалачка грмотевица“ во Вашингтон го одбележаа Денот на сеќавањето - 2003-05-26


Американските воени ветерани вчера се собраа на традиоциналната моторциклистичка процесија во чест на воените затвореници и исчезнатите во акција.

Десетици илјади американски воени ветерани на моторцикли возеа околу паркот во центарот на Вашингтон познат како Мол или шеталиште, како дел од одбележувањето на 15-тиот годишен ваков настан во чест на Денот на сеќавањето, Тркалачка грмотевица. Националниот организатор на Тркалачката грмотевица Мајкл Де Пауло им оддаде почест на американските војници кои се бореа во Ирак. Тој оддаде признание на учесниците во Тркалачка грмотевица за помошта при изгласување на законот за наградување на оние што ќе помогнат за спасување на американските воени затвореници.

„Овој закон предвидува секој локален жител во странска земја, независно дали сме во офанзивна акција или не, кој ќе доведе до пронаоѓање на американски воен затвореник или исчезнат во акција и негово враќање во САД или во надлежност на американски претставници, жив и здрав, ќе може да дојде во оваа земја како бегалец и да стане државјанин за негова заштита и за заштита на неговото семејство“, објасни г-динот Де Пауло.

Тој додаде дека ова е прва војна во која САД не оставиле зад себе ниту еден воен затвореник ниту пак исчезнати во акција.

Но воениот ветеран од Виетнам Боб Висакеј рече дека има илјадници исчезнати американски војници од Втората светска војна и од војните во Кореја и Виетнам.

„Тука има луѓе на наши години- јас имам 58 години и ако тие ми речат да се качам на авион и да донесам некој воен затвореник, јас прв ќе го сторам тоа. Ако треба да летам, ќе летам и ќе ги донесам –на еден или на друг начин. Независно што треба да сторам“,рече тој.

Американскиот секретар за ветерански прашања,Ентони Принсипи на насобраните им се обрати облечен во црн кожен елек, очила за сонце и шамија на Тркалачката грмотевица околу главата. Тој им се заблагодари на сите припадници на американските вооружени сили за она што го нарече несебична одбрана на земјата. Но, тој истакна дека војната не е завршена.

„Денес, секој од нас од оваа генерација се наоѓа пред сопствен тежок тест. Мора да ја добиеме битката што ја поттикнаа терористите, кои толку ни завидуваат на нашата слобода што попрво би го уништиле нашиот начин на живот, одошто да го унапредат својот“, истакна г-динот Принсипи.

Но, која е врската меѓу американските воени ветерани и моторциклистите? Сопругата на Боб Висакеј, Дороти вели дека ветераните на моторциклистите гледаат како на симбол на слобода и независност. Таа истакнува дека организираните активности како што е процесијата Тркалачка грмотевица исто така на ветераните им дава чувство на соборништво, исто како во времето кога биле во воена служба.

XS
SM
MD
LG