Линкови за пристапност

Буш-Коизуми: САД и Јапонија нема да толерираат закани од Северна Кореја - 2003-05-23


Иако претседателот Буш е уверен оти кризата во однос на севернокорејското нуклеарно оружје може да се реши на мирен начин, тој рече дека САД и Јапонија нема да дозволат да бидат уценувани со закани од страна на Северна Кореја.

„Уверени сме дека нашиот дипломатски пристап ќе доведе до мирно решение. Сепак, ние сме согласни дека понатамошната ескалација на ситуацијата од страна на Северна Кореја ќе бара поостри мерки од меѓународната заедница“, порача американскиот претседател.

Обајцата лидери и се заблагодарија на Кина за организирањето на директните разговори меѓу претставниците на САД и Северна Кореја, додавајќи дека на идните средби по ова прашање треба да бидат вклучени и Јужна Кореја и Јапонија.

Премиерот Коизуми рече дека нуклеарната програма на Северна Кореја претставува „голем предизвик“ за целиот свет и оти Јапонија нема да толерира Пјонгјанг да развива или да пренесува нуклеарно оружје.

И Јужна Кореја и Јапонија сакаат претседателот Буш да ја отфрли можноста за употреба на сила против Северна Кореја. Г-динот Буш вели дека ги остава отворени сите опции, но оти и натаму е убеден дека е можно мирно решение на проблемот.

XS
SM
MD
LG