Линкови за пристапност

Самит на лидерите на земјите од централна, јужна и источна Европа - 2003-05-23


Претседателите на седумнаесет земји од централна, јужна и источна Европа се сретнаа во австрискиот град Салцбург на дводневен самит на тема „Европа по проширувањето“.

Домаќин е австрискиот претседател Томас Клестил, поранешен австриски амбасадор во Вашингтон. Г-динот Клестил се заложи за заедничка надворешна политика на ЕУ.

Најголем дел од дневниот ред на лидерите на државите беше посветен на трансатлантските врски и поделбата на Европа околу војната во Ирак. Германскиот претседател Јоханес Рау изјави дека се чувствува како дел од стара Европа.

„Јас сакам да бидам дел од стара Европа, бидејќи стара Европа секогаш беше отворена за новата, и во спротивно никогаш немаше да има нова Европа“, порача германскиот претседател.

Забелешката на претседателот Рау се однесуваше на коментарот на американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд од пред неколку месеци, кој противниците на војната во Ирак, Германија и Франција ги нарече дел од стара Европа.

Денеска европските претстедатели се согласија дека Европа и САД ги споделуваат заедничките вредности на слободата и демократијата. Претседателот Клестил кажа дека и покрај нивните разлики, тие мора заеднички да работат на прашањата по кои се согласуваат, како што е борбата против меѓународниот тероризам.

„Тесната соработка меѓу Европа и САД е од најголемо значење“, истакна г-динот Клестил.

Овој став беше прифатен од сите учесници.

Полскиот претседател Александар Квашњевски, инаку силен поддржувач на САД, рече дека Европа мора да биде силна, но исто така мора да биде и пријател на САД.

„Европската политика не може да биде против САД“, рече тој.

Следниот месец во Полска ќе се одржи референдум за приклучувањето кон ЕУ.

На самитот во Салцбург учествуваа претседателите на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Италија, Хрватска, Македонија, Молдавија, Полска, Романија, Србија и Црна Гора, Словачка, Словенија, Чешката Република, Украина, Унгарија и Австрија. (Signed)

XS
SM
MD
LG