Линкови за пристапност

Сирија ја поддржа Резолуцијата за укинување на санкциите на ОН спрема Ирак - 2003-05-23


Сириската државна новинска агенција денеска соопшти дека Дамаск го поддржува укинувањето на санкциите спрема Ирак од страна на ОН, иако не гласаше по вчера усвоената резолуција во Советот за безбедност.

Новинската агенција САНА вели дека Дамаск ја поддржува резолуцијата 14-83, со која се укинуваат меѓународните санкции против Ирак воведени пред 13 години кога оваа земја изврши инвазија врз Кувајт.

Сирија е сосед на Ирак и единствена арапска земја-членка во Советот за безбедност. Оваа земја, која е на чело на ротирачкото претседателство на Советот, не присуствуваше на чинот на гласање, но седум часа подоцна соопшти дека би гласала во корист на резолуцијата.

Сирискиот претставник во ОН, Фајсал Мекдад изјави дека на Дамаск не му било дадено доволно време да ја проучи резолуцијата и затоа побарал гласањето да се одложи. Тој кажа дека подоцна дадената поддршка од Сирија не треба да се интерпретира како промена во нејзиниот став за војната во Ирак под американско раководство, за која тврдеше дека е нелегитимна.

Сириската државна новинска агенција-САНА, јавува и дека Сирија одлучила да ја поддржи резулуцијата и покрај загриженоста околу лошите животни услови на ирачкиот народ, но додава дека оваа земја не верува оти резолуцијата на ОН на Ирачаните на крајот ќе им даде доволно власт што им е потребна да ја изградат својата земја.

Со усвоената резолуција се укинуваат санкциите спрема Ирак, а приходот од продажабата на нафта ќе оди во фонд за развој, за кој ќе биде одговорна централната банка. Овие средства ќе бидат користени за реконструкција и хуманитарни потреби, а со нив ќе управуваат окупаторските сили , САД и Британија.

XS
SM
MD
LG