Линкови за пристапност

Напредокот на Палестинците - 2003-05-23


Следува уреднички коментар што одразува гледишта на американската Влада:

На 20-ти мај израелските трупи го напуштија палестинскиот град Беит Ханун во Појасот Газа, по петдневна окупација и воени дејствија. Кусо време потоа, стотици жители на Беит Ханун излегоа на улиците палејќи гуми и блокирајќи го главниот пат.

Но, Палестинците не протестираа против Израелците. Според новинската агенција Асошиетед Прес, демонстрантите изразуваа, цитираме, невообичаен излив на лутина кон исламските милитанти кои ги обвинуваат за поттикнување на израелските напади, бидејќи од нивниот град тие исфрлале гранати кон Израел.

Мохамед Занеен е еден од учесниците во протестите. Тој за Асошиетед Прес изјави дека терористите, како што кажа, „тврдат дека се херои“. „Тие“, вели тој, „ни донесоа само уништување и не направија бездомници“. „Тие“, рече г-динот Занеен, „ги користеа нашите фарми, нашите куќи и нашите деца, за да се кријат“.

Протестот во Беит Ханун е пример за решително реагирање на некои Палестинци против оние кои го користат теророт за политички цели и намерно предизвикуваат цивилни жртви меѓу Палестинците.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ричард Баучер рече дека ставањето крај на тероризмот, е клучен елемент во напорите за промовирање мир меѓу Израелците и Палестинците.

„Од новата палестинска власт очекуваме да почне да презема чекори против насилството, како што самите ветија, на што самите се обврзаа, за што самите се определија од сопствени причини, бидејќи сакаат да формираат единствена власт што ќе функционира во палестинските области“, рече г-динот Баучер. Жителите на Беит Ханун јасно посочија кој е вистинскиот непријател на Палестинците во потрагата по мир. Тоа се терористите и екстремистите кои тврдат дека дејствуваат во името на Палестина.

Тоа беше уредничкиот коментар што одразува гледишта на американската Влада. Доколку имате свој коментар на него, Ве молиме испратете го на адреса:

Editorials, VOA Washington DC 20237 USA

Можете да реагирате и на адреса:

www.IBB.gov/editorials

или пак на факс: 202 619 1043

XS
SM
MD
LG