Линкови за пристапност

Научниците во Хонг Конг тврдат дека го откриле вирусот- предизвикувач на САРС кај дива мачка- деликатес во јужната кинеска кујна - 2003-05-23


Препораката против патување беше објавена на 2 април заради стравувањето на Светската здравствена организација дека болеста брзо се шири низ Хонг Конг,а не беше јасно зошто и како.

Авиопревозниците, хотелите и рестораните претрпеа големи загуби заради ова предупредување.

Но денеска, истата организација кажа дека болеста е под контрола во Хонг Конг и јужна Кина и ја повлече препораката.

Во меѓувреме, универзитетскиот истражувач доктор Ки Уај Јеун кажа дека вирусот, предизвикувач на САРС, е откриен кај еден посебен вид дива мачка што се смета за деликатес во јужната кинеска кујна.

„Од овој специјален вид на мачка, бевме во можност да го изолираме корона вирусот“, истакнува докторот.

Доктор Ки Уај Јеун вели дека многу веројатно вирусот се пренел од животното на човекот во процесот на приготвување на храната.

Со болеста, која предизвикува потенцијално смртоносна пневмонија, заразени се повеќе од осум илјади луѓе во светот, од кои речиси 90 проценти од случаите се во Кина и Хонг Конг.

XS
SM
MD
LG