Линкови за пристапност

вести 5-22 - 2003-05-22


Балканска конференција

Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон побара од балканските лидери за унапредување на безбедноста на границите, истакнувајќи дека оваа акција е критична за интегритетот и долгорочната иднина на нивните земји.

Говорејќи на регионалната конференција во Македонија, г-динот Робертсон денеска рече дека организираниот криминал лесно може да ги премине границите и да создаде иделани услови за шверц на дрога, оружје, бело робје, тероризам и политичко насилство. Тој овие проблеми ги опиша како реална закана за стабилноста и безбедноста во регионот. Г-динот Робертсон исто така ја потенцира важноста на меѓународната соработка во одржувањето на граничната безбедност и повика на зајакнување на меѓународните организации. На дводневната конференција во Охрид учествуваат лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија и Црна Гора. Земјите ја разгледуваат заедничката стратегија за унапредување на безбедноста на границите и борбата против меѓународниот криминал.

Земјотрес во Алжир

Алжирскиот министер за внатрешни работи изјави дека над 1.000 лица загинале, и околу 7.000 лица се повредени во земјотресот што ја зафати неговото земја и кој се смета за најсилен во изминативе децении.

Спасувачките екипи, војниците и цивиите денеска од се обидуваа да ги извлечат цивилите од урнатините на објектите во густо населениот регион долж медитеранскиот брег. Припадници на алжирскиот Црвен крст беа на местото на настанот, а Франција и Германија испратија спасувачки екипи. Претседателот Буш денеска изјави дека САД исто така се подготвени да помогнат. Најголем број од жртвите се од околината на градовите Рубиа и Тенија, каде што бил епицентарот на земјотресот, што е на околу 60 километри источно од главниот град Алжир. Според американскиот Геолошки центар, земјотресот бил со јачина од 6,7 степени според рихтеровата скала.

Самит Г-8

Американскиот претстедател Џорџ Буш и францускиот лидер Жак Ширак денеска телефонски разговараа, вторпат од затегнувањето на односите меѓу двете земји околу војната во Ирак под американско раководство.

Портпаролот на Белата куќа Ари Флејшер изјави дека г-динот Ширак му се јавил на г-динот Буш и дека разговорот бил фокусиран на самитот на светските лидери следниот месец во француското одморалиште Евијан. Ова е втор разговор меѓу двајцата претседатели од започнувањето на војната во Ирак под американско раководство во март. Разговорот уследи по приклучувањето на Франција на 13-те земји кои ја поддржаа резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за укинување на санкциите против Ирак и покрај претходните несогласувања по ова прашање.

Ирак

Претставници на американската одбрана велат дека генералот Томи Френкс кој раководеше со војните во Ирак и Авганистан, одлучил да се пензионира.

Генералот Френкс раководеше со американсата воена Снетрална Команда од јули 2000 година, надлежна за американските воени операции во 25 земји од Рогот на Африка до Централна Азија. Засега нема индикации кога тој би можел да се повлече од фунцијата. Претходно денеска, Централната команда соопшти дека коалиционите сили во Ирак уапсиле висок претставник на партијата Баат кој се наоѓа на американската листа на најбарани Ирачани. Централната Команда вели дека Азис Саџих ал-Нуман бил уапсен вчера во близина на Багдад. Тој е осми на листата на барани лица од соборениот режим на Садам Хусеин.

XS
SM
MD
LG