Линкови за пристапност

Полска ќе раководи со мулти-националните трупи стационирани во јужен Ирак - 2003-05-21


Иако се работи само за ограничена техничка помош на Алијансата, генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон денес во седиштето на НАТО во Брисел оцени дека се работи за, цитираме, првиот важен и навистина клучен чекор што денеска беше преземен едногласно во Советот на НАТО.

Полска се подготвува да раководи со мулти-национални сили од најмалку седум илјади војници кои ќе дејствуваат во југо-централниот дел Ирак, меѓу американските и британските зони. Се очекува Полска да учествува со две илјади свои војници. Варшава исто така ќе домаќин на конференцијата со другите држави кои изразија подготвеност да дадат свој придонес во мултинационалните сили, а што започнува утре.

Помошта на НАТО ќе биде во комуникации, логистика и размена на разузнавачки податоци, но не и директно инволвирање на НАТО во Ирак. Генералниот секретар Џорџ Робертсон индицираше дека такво нешто не се планира во моментов.

„Не разговараме за присуство на НАТО во Ирак. Разговараме единствено за помош на НАТО на Полска, која има намера да биде присутна во Ирак и да игра улога во стабилизационите сили“, истакна господинот Робертсон.

Сепак, дипломатите укажуваат дека овој потег може да означува почеток на една поширока улога на НАТО во Ирак. Алијансата претходно се согласи во август годинава да ја преземе командата со мировните сили во главниот авганистански град Кабул, кои се претежно составени од холандски и германски војници.

Дипломатите сметаат дека мисијата во Ирак е тест за Полска, која стана членка на НАТО во 1999 година и интензивно работи на модернизациија на армијата.

XS
SM
MD
LG